На само 20 километри од Улцињ во правец кон Скадар, се наоѓа некогашниот град Свач. Овој атрактивен локалитет над самото езеро се наоѓа во центарот на областа Ана Малит и за жителите на овој крај претставува нивно главно културно наследство, референтна точка која најдобро го опишува локалниот идентитет. Целата област ја карактеризира богата флора и фауна и прекрасни селски пејсажи. Секое село во ова подрачје е богато со стари камени куќи, мелници и патитишта со калдрма кои биле во функција на жителите до модерното време.
Градот Свач според историските документи се спомнува од VIII век. Меѓутоа според податоците кои се добиени во текот на археолошките истражувања извршени во осумдесетите години, потврдено е дека овде постоел живот уште од неолитот, енеолитот, бронзеното, железното, античкото, касното античко време, средниот век, сѐ до модерното време. Имајќи ја во предвид добрата позиција, градот имал идентитет на приморски средновековен град, слично на градовите во Далмација и пошироко. Анамалското поле давало добри услови за земјоделство, додека Шашкото Езеро го снабдувало со риба. Реката Бојана, која е пловна се до близината на Скадар, била главна артерија за комуникација и трговија во сите историски периоди, од Илирите па се до 1948 година кога станува погранична зона. Сега по реката Бојана може да се плови само со мали рибарски чунови и спортски рекреативни кануа.
Според легендата која ја пишува Јустинијан од Џенова во 1533 година, а која и денес се раскажува меѓу локалните жители,се вели дека во Свач постоеле онолку цркви колку што има денови во годината, значи 365. Со ова сакал да укаже на големата вредност на овој град од минатото, со оглед на тоа дека денес постојат остатоци од 15 разрушени цркви.
Во текот на втората половина на XIV и почетокот на XV век со градот управува познатата локална фамилија Балшиќи, потоа градот преоѓа во рацете на Млетачката република, но сега веќе со изгубен сјај и моќта која ја имал во предходните векови и постепено се трансформирал во село. Овој тренд продолжува и во периодот на Османлиските освојувања и економската криза во тоа столетие. Во текот на Османлиското царство во текот на посетата на свештеникот Бициј во 1610 година, оваа мала населба имала само 80 куќи, додека век и половина покасно, за време на Болице има само 50 куќи.
Во 1777 година, Свач бил мала парохија која ги опфаќала околните села и животот се одвивал надвор од ѕидините на градот.
Во текот на современото време локалитетот бил посетен од разни патописци и истражувачи и така станал познат и надвор од границите на денечна Црна Гора.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM