Свач

На само 20 километри од Улцињ во правец кон Скадар, се наоѓа некогашниот град Свач. Овој атрактивен локалитет над самото езеро се наоѓа во центарот на областа Ана Малит и за жителите на овој крај претставува нивно главно културно наследство, референтна точка која најдобро го опишува локалниот идентитет.
Свач, Улцињ, Црна Гора

Средновековниот град Свач

На само 20 километри од Улцињ во правец кон Скадар, се наоѓа некогашниот град Свач. Овој атрактивен локалитет над самото езеро се наоѓа во центарот на областа Ана Малит и за жителите на овој крај претставува нивно главно културно наследство, референтна точка која најдобро го опишува локалниот идентитет. Целата област ја карактеризира богата флора и фауна и прекрасни селски пејсажи. Секое село во ова подрачје е богато со стари камени куќи, мелници и патитишта со калдрма кои  биле во функција на жителите до модерното време.

Овој атрактивен археолошки локалитет лоциран е над прекрасното Шашко Езеро, во центарот на Анамалската област. Градот Свач според историските документи се спомнува од VIII век. Меѓутоа според податоците кои се добиени во текот на археолошките истражувања извршени во осумдесетите години, потврдено е дека овде постоел живот уште од неолитот, енеолитот, бронзеното, железното, античкото, касното античко време, средниот век, сѐ до модерното време. Според археолошките истражувања во праисторијата постоело утврдување на врвот на брдото (ридот) – илирска градина со големи камени блокови. Имајќи ја во предвид  добрата позиција, градот имал идентитет на приморски средновековен град, слично на градовите во Далмација и пошироко. Анамалското поле давало добри услови за земјоделство, додека Шашкото Езеро го снабдувало со риба. Реката Бојана, која е пловна се до близината на Скадар, била главна артерија за комуникација и трговија во сите историски периоди, од Илирите па се до 1948 година кога станува погранична зона. Сега по реката Бојана може да се плови само со мали рибарски чунови и спортски рекреативни кануа.

Градот Свач лоциран на врвот од гребенот, имал свое предградие од јужната страна кон езерото и од северната страна на платото(плочата) кон денешното село, каде можат да се видат од сите страни многубројни рушевини од цркви и други објекти.

Градот Свач

Се смета дека византискиот цар Јустинијан во VI век оваа населба ја претворил во организирана урбана целина, каде и ден денес можат да се видат остатоци од влезови(порти) и одбрамбени ѕидови на врвот на брдото. Како град бил сместен на многу добра стратешка позиција помеѓу три познати градови: Скадар, Улцињ и Бар.

После VII век кога на Балканот продираат Аварите и Словените, пошироката област на Скадарското Езеро станува несигурна, се додека во IX век повторно не потпаѓаат под византиска власт.

Од почетокот на христијанството оваа област била поврзана со Римската црква, со нивните центри во Скадар и во Јустинијан Прима се до периодот кога влегува под јурисдикција на Драч. Со основањето на новата архиепископија во Бар во 1089 година, оваа област влегува под јурисдикција на Барската Надбискупија. Процесот на исламизација на населението во Анималското подрачје според податоците започнува во XVII век.

Свач се спомнува во булите на Папата Александар II како епископски град. Двапати бил разорен, првпат од страна на Стефан Немања во 1183 година, а вторпат во походот на Монголите во 1242 година. Животот брзо се обновувал, а градот економски станувал појак. Во XIV век градот имал статут  како автономните градови во Далмација. Ковал свои пари како валута за своите потреби во XIV и XV век.

Според легендата која ја пишува Јустинијан од Џенова во 1533 година, а која и денес се раскажува меѓу локалните жители,се вели дека во Свач постоеле онолку цркви колку што има денови во годината, значи 365. Со ова сакал да укаже на големата вредност на овој град од минатото, со оглед на тоа дека денес постојат остатоци од 15 разрушени цркви.

Во текот на втората половина на XIV  и почетокот на XV век со градот управува познатата локална фамилија Балшиќи, потоа градот преоѓа во рацете на Млетачката република, но сега веќе со изгубен сјај и моќта која ја имал во предходните векови и постепено се трансформирал во село. Овој тренд продолжува и во периодот на Османлиските освојувања и економската криза во тоа столетие. Во текот на Османлиското царство во текот на посетата на свештеникот Бициј во 1610 година, оваа мала населба имала само 80 куќи, додека век и половина покасно, за време на Болице има само 50 куќи.

Во 1777 година, Свач бил мала парохија која ги опфаќала околните села и животот се одвивал надвор од ѕидините на градот.

Во текот на современото време локалитетот бил посетен од разни патописци и истражувачи и така станал познат и надвор од границите на денечна Црна Гора.

Што да се посети

Катедралата Света Марија

Од левата страна на платото, кон исток, се наоѓа доминантната катедрала Света Марија, која е најубавата градба во Свач. Изградена е најверојатно во почетокот на XIV век и била во функција на Фрањевците кои во тоа време имале големо верско влијание. Изградена е во архитектонскиот стил готика со римски елементи. Карактеристична е нејзината височина и готските прозори, како и надвратникот кој е стилизиран со профили на глави од животни. Оваа монументална градба била зачувана се до разорниот земјотрес во 1979 година кога поголемиот дел од неа настрада. Покрај оваа катедрала од јужната и западната страна стојат рушевини од други цркви од кои останале само ѕидовите, а најверојатно биле опкружени со гробови.

Западната страна на платото (плочата)

На западната страна на платото се наоѓаат неколку капели, една базилична црква и што е најинтересно тука е и градбата што потсетува на капија со капела над неа, чија изградба започнала во VI век и целата била со фрески слично на традиционалните градби познати во пошироката приморска територија. Покрај неа, на неколку метри, се наоѓа огромна меѓа, градена во сувоѕид, која најверојатно била основа на палисаден ѕид, кој го затворал поголемиот дел на долниот град. Се претпоставува дека ѕидот бил граден во функција за заштита на некои цркви или друг значаен објект.

Акропола

На најистуреното место во градот, акрополата, видливи се високите одбрамбени ѕидови. Самиот влез во тврдината датира од VI век и покрај него се наоѓа Катедралната црква Св.Јован Крстител. Изградена е во 1300 година во римски стил, а интересно е што е накрепена на одбрамбениот ѕид на северната страна. Над аpсидата изградена е камбана. Во текот на последните археолошки истражувања откриено е дека катедралата е изградена на темелите на уште постара црква. Во внатрешноста на катедралата  утврдено е присуство на бројни гробови. Веројатно, во периодот после XIX век, кога црквата повеќе не била во функција, се започнало со погребување во нејзината внатрешност  затоа што се сметала за свето место.

Видиковец

Од оваа точка кон север може да се набљудува целата област Анамалија дури до врвот Румија. Исто така на 30 метри понатака се доаѓа до една панорамска точка од која се гледа преубавото Шаско Езеро, Бриска гора и од источната страна кон реката Бојана се гледаат села во Албанија.

Шаско Езеро

Шаското Езеро се наоѓа под тврдината Свач и е второ поголемина низинско природно езеро во Црна Гора со површина од околу 40 km2. Езерото е длабоко околу 3 метри. Најголема измерена длабичина на езерото е 8 метри кај подводниот извор Бегово око, кој претставува еден од главните извори од кои се полни Шаското Езеро, но и место каде што во текот на зимата се собираат риби за мрестење. Езерото се полни и од Меѓуречка река и преливните води преку реката Бојана. Тоа е втора најголема криптодепресија во Црна Гора. Со доаѓањето на брегот на Шаското Езеро, можете да почувствувате мир и тишина и да ги подготвите вашите сетила за уживање во биодиверзитет кој го карактеризира ова подрачје. Постои една легенда дека жителите сокриле златна колевка(лулка) на дното на езерото, а исто така дека по пештерите околу Свач живеат самовили.

Ресторан Шаси

Езерото е опколено со трска и шаши и не е лесно пристапно од обалата ,па затоа е најдобро неговата убавина да се запознае од вода. Ресторанот Шаси кој се наоѓа на самиот брег на езерото, покрај гастрономските специјалитети со локалната храна која се подготвува на традиционален начин, на гостите им нуди и други можности за добар престој на овој простор. Возење со прилагодена платформа по езерото, со можност за капење во чистата  езерска вода,  е опција која ја препорачуваме како најдобар начин посетителите да се запознаат со вредностите на ова во иднина заштитено подрачје.

Караулата Фраскањел

На самата граница со Албанија, над реката Бојана се издига ридот Фраскањел на коj од далеку се гледа војна караула. Од оваа позиција се нуди прекрасен поглед на сите страни.  На јужната страна се Гледа Јадранско Море во кое се влева реката Бојана, како и околните села Св.Ѓорѓе, Св.Никола и Штој од црногорската страна, а на албанската страна се гледаат селата Луарза и Пулај.

Од западната страна се гледа целото Анамалско подрачје со Шаското Езеро, додека на север  се гледа брбото Тарабош со антени на врвот и се до близината на градот Скадар каде реката Бојана истекува од Скадарското Езеро. Од источната страна се гледа целата област Задриме, селата Пентар, Дајч и Ширѓ и брдото Белај кое се наоѓа на другата страна на реката.

Според историските податоци на брдото Фраскањел и брдото Белај кое се наоѓа наспроти Фраскањел од другата страна на реката, постоела по една тврдина во средниот век. Од оваа точка можело да се контролира влезот на бродовите кон Скадар и така се контролирало движењето. Овие фортификации се користеле за да се блокира и реката Бојана за време на војните. На сличен начин Бојана е блокирана и во текот на војната помеѓу Млетите и Османлиите во 1479 година.

Според една легенда овде две господарски албански фамилии изградиле две тврдини за да му земаат данок на секој кој ќе плови овде. Тие го блокирале  влезот така што направиле огромни синџири кои се закачувале на двете страни од брегот.

Локални случувања

Секоја година во мај, на ова место се организира локалана забава ,,Pranvera ne Ane te Malit” преку која туристите можат да се запознаат на најдобар начин со етно културата на областа, кога покрај музичката програма можна е и дегустација на трдиционалната кујна на локалните домаќинства.

Точки на интерес во областа

Западната страна на платото(плочата)
Локации: Свач
Градот Свач
Локации: Свач
Vidikovac Svač - Ulcinj
Видиковец
Локации: Свач
Karaula Fraskanjel - Ulcinj
Караулата Фраскањел
Локации: Свач
Crkva Sv. Jovana Krstitelja - Ulcinj
Акропола
Локации: Свач
Crkva Svete Marije - Ulcinj
Катедралата Света Марија
Локации: Свач
Šasko Jezero - Ulcinj
Шаско Езеро
Локации: Свач

брошури и прирачници

Преземете ja апликацијата „Heritage Walks&Talks“

Преземете ja апликацијата

Vidikovac Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Viewpoint Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Click on image from gallery for larger preview

Restoran Shasi

Restoran Shasi - UIcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Karaula Fraskanjel

Karaula Fraskanjel - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svetog Jovana Krstitelja

Crkva Sv. Jovana Krstitelja - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svete Marije

Crkva Svete Marije - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Šasko jezero

Šasko Jezero - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vinarija Bogojević

Vinarija Bogojević - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vila Oblun

Vila Oblun - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Skadarsko jezero

SKadarsko jezero - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Hotel restoran ABC

Hotel ABC - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Restoran Groš

Restoran Groš - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Brdo Hisar

Brdo Hisar - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Narodni muzej Leskovac

1280px-Narodni_muzej,_Leskovac_04
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled