
Споменкот на Барутана свечано е отворен во 1980 год. по повод одбележување на 35 години победа над фашизмот. Овој споменик се разликува од другите споменици од Народноослободителната војна, затоа што е посветен не само на тие што загинале во Втората светска војна, туку и во другите војни во текот на првата половина на XX век на просторите на Балканот, а во кои Љешњаните учествувале со останатите црногорски јунаци- Првата и Втората балканска војна и Првата светска војна.
Споменикот е резултат на креативниот домет на архитектката Светлана Кана Радевиќ. Таа со него го обликувала просторот давајќи уметничка димензија на каменот кој е синоним за Црна Гора и ова поднебје. Споменикот ја носи и силната идеја на братство, што е во склоп со сфаќањата на авторката дека споменикот тоа треба да го одразува- како преку причината, така и преку начинот на градење.Тоа укажува на нејзиното совршено разбирање на локалните вредности и нивниот поширок контекст кој е овде развиен,бидејќи во разговор и самите мештани кажуваат дека споменикот ги збратимил.
Мештаните дале свој придонес во изградбата на споменикот на разни начини-и со работа и со пари. Военото страдање на членовите на семејствата на Љешњаните, соседите и пријателите ги соединила и збратимила тагата, а потоа почитта кон загинатите и гордоста што се нивни потомци.Потоа ги соединила и градбата покажувајќи дека со заедничка работа се создава обележје кое значи вечен помен. Таа им го покажала патот и начинот да го изразат својот идентитет- стремеж кон возвишени вредности- слобода, достоинство, доверба, правда.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM