Шумска божица

Од најтрагичното место во Лесковац се нуди најубав панорамски поглед со кој Лесковац и лесковачката котлина се гледаат како на дланка. Прочуениот рид Хисар е место на страшни злосторства во Втората светска војна. После првите акции на герилските сили на Јабланица и околните ридови, во кои се убиени три нацистички војници, почнуваат бруталните репресии во Србија и страшниот проглас за стрелање на 100 Срби за еден нацистички војник.
Шумска божица, Лесковац, Србија

Лесковачка шумска божица – скриен скапоцен камен од југ

Од најтрагичното место во Лесковац се нуди најубав панорамски поглед со кој Лесковац и лесковачката котлина се гледаат како на дланка. Прочуениот рид Хисар е место на страшни злосторства во Втората светска војна. После првите акции на герилските сили на Јабланица и околните ридови, во кои се убиени три нацистички војници, почнуваат бруталните репресии во Србија и страшниот проглас за стрелање на 100 Срби за еден нацистички војник. Во текот на војната , проценето е дека само на Хисар се стрелани и на друг начин убиени повеќе од 1000 луѓе, воглавно Роми, Срби и Евреи.

,,Мртви сме, но не сме заспале, каменот те гледа со нашите очи’’

Сеќавањето на војната и страдањата нема да бидат секогаш така свежи, а раните  така длабоки. За сеќавање на настраданите, донесена е одлука да се изгради спомен – парк и тоа баш на Хисар. Работата е доверена на човекот кој веќе се прославил со изградба на слични споменици ширум Југославија, на светски познатиот архитект, Богдан Богдановиќ. Спомен – паркот е реализиран во карактеристичен митолошко – симболички израз на Богдан Богдановиќ. Впечатлива е и значајната мисла на авторот, исклесана со кирилично писмо на еден од обелисците : ,,Мртви сме, но не сме заспале, каменот те гледа со нашите очи’’. Споменикот го отворил Петар Стамболиќ во 1971 година, а на рециталот настапиле познатите Југословенски глумици со сугестивен и громогласен глас: Марија Црнобори и Мира Ступица.

Лесковачка шумска божица – скриен скапоцен камен од југ

Централна фигура на оваа композиција е кенотафот наречен ,,Божица на победата” или по зборовите на Богдановиќ ,,Шумска божица,,. Конусот завршува со спирали кои симболизираат круна, давајќи така ,,кралска,, почест на сите жртви. Пред да дојдеме до 12 метри високиот кенотаф поминуваме низ дрвена капија, направена да потсетува на стара српска народна архитектура, па посетителот може да помисли дека на влезот го чека домаќин со погача и сол и златно – жолта шљивовица во чоканче или со чаши со големина на напрсток. Меѓутоа, по пат го чекаат стеќци ( во тоа време помалку заборавени средновековни споменици од Балканот ),вкупно 34, а на 14 од нив се испишани имињата на народните херои и важните револуционери како и на 17 паднати борци погребани во Спомен – паркот.

Во подножјето на кенотафот се наоѓа вклопен во околината, амфитеатар. На стеќците се наоѓаат спирали , древни симболи за обновување на животот, кои најмногу потсетуваат на гранки од папрат во развој, повторно симбол на прасловенската и предхристијанската митологија за вечниот живот. За таа вонвременска и нематеријалистичка идеја зборува и натписот на еден надгробен споменик  ,,Мртви сме, но не сме заспале, каменот те гледа со нашите очи”.

Талентот, поврзаноста, соработката и на крајот страдањето на двата братски народа, Србите и Евреите се преплетуваат на овие простори. За тоа сведочи лапидариумот изграден од ретко зачуваните и искршени еврејски надгробни споменици. Не треба да се пропушти ни споменикот на загинатите Роми кој исто така е дело на единствениот Богдан Богдановиќ. Овој значаен споменик , за чие значење како туристичка понуда Лесковчани скоро и да не се свесни , прогласен е во еден документарен филм на BBC за архитектонско чудо на сакралната архитектура. За жал некој, во почетокот на деведесеттите, ги пресекол металните ,, обетки,, од спиралата на кенотафот и ги продал за старо железо. Меѓутоа, дури и вака оштетен, споменикот оддава голема естетска и монументална вредност, значајна во регионални и светски рамки, токму како и неговиот многупати награден, а недоволно сфатен автор Богдан Богдановиќ.

Ридот Хисар – дом на бројни митови и легенди

Мистерија и легенди, а не само страдање, го красат ридот Хисар.Во почетокот на 21 век пронајдени се и мистериозни предмети, а најпозната е ‚‚Туривичева игла‘‘ долга 64.5 сантиметри од не‘рѓосувачки челик за која е утврдено дека потекнува од периодот од 1300 година п.н.е. Таа укажува на напредно ниво на технички развој на жителите на овој локалитет во праисторијата. Технологијата на изработка на овој предмет уште не е откриена, па дава повод за различни приказни. Легендата кажува дека под денешниот рид Хисар се наоѓало езеро, но после сушењето на тоа езеро изникнало растение леска  (лешник). По тоа растение населението пред околу 600 години го добило и името. За блиското Власинско езеро се врзуваат и легенди за водениот бик кој ја најавува несреќата за џиновите. Особено е интересна легендата за војската која опиена од лековитите тревки задоцнила на Косовската битка и проколнала селото низ кое поминувала нарекувајќи го Црна трева. Освен страдања, мистерија и легенди, комплексот на Хисар е исклучителен и по неговата вкоренетост во историјатот на Лесковац и контекстот во кој овој град се развил од праисторијата до денес. Затоа за целокупното доживување на ова уметничко дело важно е да се посети и градот, да се знапознаат луѓето, јазикот и менталитетот.

Српски Манчестер

Златната доба на Лесковац, периодот меѓу двете светски војни, е време на легализирање на проституцијата и киното. Добро, не било заради тоа златно. Српски Манчестер, така го нарекувале во тој период, имал и бројни фабрики за текстил. Постои приказна дека индустрискиот развој на Лесковац започнал со производството на гајтани, појаси со кои се врзувале чакширите, а кои никој не ги произведувал во Србија. Претприемачите од Лесковац основаат бројни текстилни, хемиски и прехрамбени фабрики. Угостителството исто така одлично функционирало. Работеле три убави хотели. Најпознатата кафана ја имал Драги Буре ( го нарекувале буре бидејќи неговиот дедо за кладба испил буре пиво), а и неговите ќебапи од „младо биволче“ скокаат од чиниите на лесковачките момци и се лизгаат низ грлото со хисарско или власотиначко вино или шприцер со сода вода.

Еден од најдобрите музеи на Србија

Дали сте знаеле дека во центарот на Лесковац се наоѓа еден од најдобрите музеи во Србија со модернистичка зграда дизајнирана токму за оваа потреба? Народниот музеј во Лесковац е еден од ретките културолошки феномени во Србија. Таму се наоѓаат многубројни артефакти од локалитетот Хисар, кои сведочат за начинот на живот и стопанските активности во текот на бронзеното и железното време, како и римскиот, византискиот и средновековниот период. Музејското друштво на Србија во 2015 година овој објект го прогласил за најдобар музеј во Србија.

Бистата на легендарниот Тома Здравковиќ

Славниот пејач Тома Здравковиќ, кој својот пат од „Данка“ до „Дното на животот“ го започнал во блиското Печењевце, добил своја биста на централниот градски плоштад. Тома ја започнал својата кариера како андерграунд пејач, човек кој најдобро ја сфатил душата на оставениот и несреќен мал човек, кому успесите од социјалистичкиот развој и меѓународниот углед на Југославија не ја згаснале болката нанесена од неверната жена и која болка единствено се ублажува со вино во зачадените кафани. На овие граѓани не им одговарал владеачкиот самоуправен социјализам и социјалистичката изградба, но бил по вкус на обичниот несреќен човек, така што неговите песни и жалопојки ги преживеале и системот и децениите, па и денеска се слушаат и ја ублажуваат болката со добра чашка и добро мезе.

Други заменитости на плоштадот

На централниот градски плоштад се наоѓаат уште две бисти: споменик на ослободителите во војните 1912 – 1918 и споменик на народниот херој Коста Стаменковиќ. Инспирирана од архитектурата на косовската Грачаница во далечната 1931 година изградена е и Соборна црква во Лесковац. Ја отсликува тогашната моќ и самодоверба на градот кој ги преживувал своите најмоќни години од постоењето.

Симбол на снаодливоста и борбите за верата – Оџаклиска црква

Интересна приказна за своето настанување има Оџаклиската црква која се наоѓа преку пат на Широката чаршија. Изградена е во време на ослабената османлиска власт со лаги и измами. На Турците им е пријавено дека се прави куќа за прота ( свештеник ) и заради тоа мора да се направи големо огниште, односно оџак. Потоа околу ова огниште е направена црква. Оттука црквата го носи ова име. За да не биде повисока од минарињата на многубројните џамии црквата е вкопана. Името на црквата останало и денеска, како илустрација на снаодливост, но и желбата да се зачува православната религија и српскиот идентитет и во најтешки времиња.

Град на гастрономија

Денеска Лесковац најчесто се поврзува со скара, мучкалица, прженица и ајвар. Гастрономскиот туризам се повеќе станува главен адут на овој град на југот од Србија. Овде, за разлика од други дестинации каде најчесто гастрономската градина е дополнение на богатото културно-историско наследство, тука може да е обратно. Уштипци, ќебапи, дроб и други специјалитети од скара може да бидат мамка за да се запознаете и со интересната и разгранета историја на овој град, од праисторијата до 21 век, како и да пронајдете интересни и помалку заборавени скапоцености, каков е во секој случај споменичкиот комплекс на ридот Хисар, на единствениот и светски признатиот архитект Богдан Богдановиќ.

Каде да се јаде во Лесковац

Крчма Сандокан

Одлична скара можете да пробате во близина на железничката станица во крчмата Сандокан. Крчмата го добила името по прекарот на газдата кој го добил според култната италијанска серија од 70тите години на минатиот век за познатиот индијански гусар.

Цап – Цап

Традиционалната кујна, особено прочуената лесковачка мучкалица, можете да ја пробате во ресторанот Цап-Цап во Нишка улица каде се наоѓа и сликовитиот лесковачки пазар. Меѓутоа со секое преуредување и осовременување на оваа кафана, се губи оригиналниот лесковачки „хајп“, а со повисоките цени се менуваат и традиционалните гости.

Етно ресторани Грош и Апостоловиќ

Традиционални, но повторно со современо прилагодени трендови во храна, можете да пробате и во етно-село Грош и Апостоловиќ во кој се состануваат бизнисмени од сите развиени индустриски зони на Лесковац.

Хотел-ресторан ABC

Сигурно е многу модерен и интересен хотелот и ресторан ABC во центарот на Лесковац последица на новата индустријализација според која се надеваме дека повторно на овој град ќе се додаде прекар на некој европски пандан. Не мора да биде Манчестер, може и некој град од внатрешноста на Европската Унија.

Точки на интерес во областа

Хотел-ресторан ABC
Етно ресторани Грош и Апостоловиќ
Цап – Цап
Крчма Сандокан
Други заменитости на плоштадот
Ридот Хисар – дом на бројни митови и легенди
Лесковачка шумска божица – скриен скапоцен камен од југот
Odžaklijska crkva - Leskovac
Симбол на снаодливоста и борбите за верата – Оџаклиска црква
Бистата на легендарниот Тома Здравковиќ
Еден од најдобрите музеи на Србија

брошури и прирачници

Преземете ja апликацијата „Heritage Walks&Talks“

Преземете ja апликацијата

Vidikovac Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Viewpoint Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Click on image from gallery for larger preview

Restoran Shasi

Restoran Shasi - UIcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Karaula Fraskanjel

Karaula Fraskanjel - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svetog Jovana Krstitelja

Crkva Sv. Jovana Krstitelja - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svete Marije

Crkva Svete Marije - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Šasko jezero

Šasko Jezero - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vinarija Bogojević

Vinarija Bogojević - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vila Oblun

Vila Oblun - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Skadarsko jezero

SKadarsko jezero - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Hotel restoran ABC

Hotel ABC - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Restoran Groš

Restoran Groš - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Brdo Hisar

Brdo Hisar - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Narodni muzej Leskovac

1280px-Narodni_muzej,_Leskovac_04
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled