Феликс Ромулијана

Феликс Ромулијана била една од најголемите и најраскошните градби на класичноантичкиот свет и би можела по своето значење и посебност во својот временски контекст да се спореди со најпознатите зачувани средновековни катедрали и раскошните нововековни замоци.
Феликс Ромулијана, Гамзиград, Србија

Феликс Ромулијана - една од најголемите и најраскошните градби на класичноантичкиот свет

Феликс Ромулијана била една од најголемите и најраскошните градби на класичноантичкиот свет и би можела по своето значење и посебност во својот временски контекст да се спореди со најпознатите зачувани средновековни катедрали и раскошните нововековни замоци.

Ова археолошко наоѓалиште, на кое среќата му е во името(Felix Romuliana ), со импозантните и велелепни остатоци на палати и ѕидини од доцните антички времиња, со време запознавајќи се со целата историја на овој локалитет, оставаат силен впечаток за човечката минливост, за царствата и религиите кои владееле со целиот свет, а потоа за неколку децении, исчезнувале.

За основачот на Феликс Ромулијана, Гал Валериј Максимилијан Галериј

Палатата е создадена во периодот на доцниот III и почетокот на a IV век од новата ера, во времето на тетрархијата, односно четворовластието, систем по кој во Римското царство владеат четири владетели, двајца августи и двајца цезари. Еден од тие августи-цезар бил и Феликс Ромулијана, , Гал Валерије Максимилијан Галерије, син на варварка избегана од прогонство преку Дунав и обичен римски сточар, поради што и целиот живот го следел прекарот Armenatarius (сточар). По мајката на Ромул, која исклучително ја почитувал, ја нарекол оваа палата. Неговиот молњевит пат до царските височини, според социјалните движења, тешко споредлив и со денешниот американски сон, се движел по пат на воени победи, така што за него слушнал и неговите заслуги високо ги почитувал прочуениот Диоклецијан, кој немал предрасуди околу неговото етничко и плебејско потекло, туку го посинил и го оженил со својата ќерка Валерија. Галерије имал блескава војничка кариера, крунисана со победа над Персијанците во 297 год. Почнал да ја ѕида велелепната палата во својот роден крај, Приобална Дакија. Важно е да се нагласи дека на тлото на денешна Србија, се родени дури 16 римски императори, што после Италија е најмногу во границите на Римското царство. Палатата ја нарекол по својата мајка, Ромул, Ромулијана, додека одредницата Феликс, која може да се преведе како среќна, всушност значи божествена.

Галерије бил амбициозен, убав и контраверзен човек. Го сакал животот, добрата храна, виното и забавата. На мајка си и на потаткото Диоклецијан, им останал верен до крајот на животот, а пример му бил богот Дионис, бог на виното, уживањето и природата, чии што прикази на мозиците и статуите го обележуваат овој локалитет. Галеријовиот начин на почитување на Дионис, може да се разбере и како негова идеја, својата мајка и себе си да се претстават како богови. Токму како што тоа го направил Дионис за себе и својата мајка Семела, кои им се придружиле на боговите на Олимп по Дионисовата триумфална експедиција во Индија. Галерије – Новиот Дионис, по триумфот над Персијанците и неговата мајка Ромула, требало да се воздигнат на небото.

Иако сакал себеси и мајка му да се прогласат за богови, релацијата на Галерије со бог, подобро ја опишува пословицата: „Човекот планира, а Бог се смее“. Имено, тој не дочекал сосема да ја заврши палатата и да ужива во неа. Најпрвин умира Ромула, а подоцна и тој во 313 год. во Средици, денешна Софија. Луѓето кои го погребале неговото тело, тврдат дека поќинал од непозната болест. Храмовите на Јупитер и Зевс, стануваат по иронија, христијански базилики, односно вера која тој, немилосрдно ја прогонувал, па дури, велат неговите непријатели и својот очув Диоклецијан го поттикнувал на прогон. За волја на вистината, пред крајот на животот, донесол едикт за слобода на верата, многу помалку познат од подоцнежниот Константинов Милански едикт, со кој на  христијанството му е признаено правото на постоење.

За локалитетот

Гал Валериј Максимилијан Галериј ја изградил палатата, утврдена со бедем, со 20 одбранбени кули, на површина од 6,5 хектари. Денес е возможно да се посети целината, која опфаќа остатоци од сакрално – меморијалниот комплекс, два мавзолеи и два споменика, Ромулиниот и Галеријевиот. На километар од овој локалитет, можно е да се посети и урнатината на монументалниот тетрапилон на ридот Магура. Посебно интересни се тумулусите на ридот Магура, последните споменици на римската апотеоза, односно постапката на умрените членови на царската фамилија, посебната постапка на погребување „ промовирање“ во богови.

За денешниот изглед и значење кои ги добил овој локалитет, можеме да му заблагодариме на најзначајниот српски археолог, Драгослав Срејовиќ.  Тој ги започнал ископувањата на почетокот на седумдесеттите години од XX век, верувајќи дека се работи за многу позначаен објект од воен логор. Кога во 1984 год. е пронајдена архиволтата (мост кој спојува 2 столба), со натпис Феликс Ромулијана, јасно било дека се работи за царска палата, според размер и значење еднакви со многу познатата Диоклецијанова во Сплит. Срејовиќ не поживеал подолго, но неговото дело останало. Локалитетот ја добил својата туристичка вредност, а сите напори на српските и заечарските археолози, крунисани се со статусот Добра на светското културно наследство УНЕСКО, кој Феликс Ромулијана го добила во 2007 год. Покрај мозаиците, кои спаѓаат во најубавите од времето на доцната антика, уметничките дела од  Феликс Ромулијана, можат да се видат во Заечарскиот музеј. Овде, на 11 км подалеку од Феликс Ромулијана, се чува главата на Гал Валерије, изработена од скап и редок камен - порфир, како и познатите мозаици Лавиринт и Дионис.

 Феликс Ромулијана паѓа во заборав

Галеријевиот наследник, „ Нишлија“  Констатин, ја укинува тетрархијата и паганските апотеози, градот полека губи на значење, се случуваат напади на Аварите и Хуните. Накратко го обновува Јустинијан во  VI век, но никогаш не го добива тоа значење и изглед, како што го проектирал Галерије. Иако на самиот локалитет и околината се пронајдени археолошки артефакти од праисторијата до средниот век, ова место луѓето најпосле го напуштаат во XI век. Останале чудни и гломазни урнатини крај селото Гамзиград. Сепак, во XIX век, баронот Хердер, трагајќи по руда и опишувајќи ја геолошката ситуација на Србија, пишува за  Гамзиград, а по него и еден од најдобрите патеписци од тој век, Феликс Каниц. Тоа ги поттикнало и домашните интелектуалци да се заинтересираат за ова место. Се претпоставувало, поради близината на границата на Римското царство на Дунав, дека тоа се остатоци од големиот војнички логор, како што е тој покрај Дунав, денес на интересен начин презентиран Виминацијум, кого секој турист кој се интересира за античките споменици, треба да го посети.

Заечар

Заечар е неизбежна станица на оние кои го посетуваат Гамзиград, а покрај „must see“ музејот, вреди да се посети и Радул-беговиот конак. Во Заечар треба да се погледне и турската воденица, која покрај Конакот е една од малубројните сочувани османлиски споменици во Србија, стратише, но и скијалиштето, како и местото за концерти  Краљевица, манастирот Суводол во околината и секако  блиската Гамзиградска бања, каде има базени со топла вода, украсени со реплики од Ромулијана. Ова решение има многу смисла зашто лековитата вода во термата Феликс Ромулијана е донесена преку надземен аквадукт. Според поедини автори, Галериј, местото  за изградба на своите дворци го избрал токму заради близината на лековитите геотермални извори, а и затоа што мајката на големиот император боледувала од болки во коските. Се верува дека она што е добро за несудената богиња е добро и за обичните луѓе кои страдаат од ревматизам. Народот од овој крај ја нарекувал оваа вода божја и света, па во изворите фрлал парички и палел свеќи покрај нив, што кажува за тоа дека знаеле да го почитуваат значењето на природата или како што сега би рекле, услугите на екосистемот.

Предлог ресторан

Предлагаме ручек во најзајаечарската кафеана „ Двајца браќа“, боемски средена, а такви им се и јадењата, почнувајќи од тимочка салата, гнезда од тиквици, преку овчарското сирење, похувани шкембиња и чинија „ Двајца браќа“, специјалитетот на куќата. Сето тоа, залејте го со најотпорниот бренд на овој град, Заечарско пиво, кое дрско ја преживеало глобализацијата на српската индустрија за пиво. Иако сопствениците му се на бреговите на Северното Море, во Србија и во регионот, сите знаат за Заечарско, така што една кригла, особено замаглена во летниот период, помага на опуштен начин да се заврши приказната за Галерије и Ромула и по малку да се пренасочат мислите дека сѐ е минливо и подложно на заборав.

Точки на интерес во областа

Радул бегов конак
Felix Romuliana - Gamzigrad
Феликс Ромулијана
Narodni muzej Zaječar
Народен музеј Заечар
Restoran Dva brata - Zajecar
Ресторан „Двајца брата“
Гамзиградска Бања

брошури и прирачници

Преземете ja апликацијата „Heritage Walks&Talks“

Преземете ja апликацијата

Vidikovac Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Viewpoint Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Click on image from gallery for larger preview

Restoran Shasi

Restoran Shasi - UIcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Karaula Fraskanjel

Karaula Fraskanjel - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svetog Jovana Krstitelja

Crkva Sv. Jovana Krstitelja - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svete Marije

Crkva Svete Marije - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Šasko jezero

Šasko Jezero - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vinarija Bogojević

Vinarija Bogojević - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vila Oblun

Vila Oblun - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Skadarsko jezero

SKadarsko jezero - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Hotel restoran ABC

Hotel ABC - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Restoran Groš

Restoran Groš - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Brdo Hisar

Brdo Hisar - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Narodni muzej Leskovac

1280px-Narodni_muzej,_Leskovac_04
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled