Споменик на Бубањ

Споменикот на Бубањ е посветен на настраданите Нишлии и другите жители од овој дел на Србија. Овој рид е избран за најстрашните репресалии на нацистичкиот режим и поради неговата близина до градот, а жителите на Ниш веројатно секојдневно го слушале пукањето од егзекуциите.
Споменик на Бубањ, Ниш, Србија

Тупаниците на Бубањ – трнливиот пат на модернизација на Ниш

Споменикот на Бубањ е посветен на настраданите Нишлии и другите жители од овој дел на Србија. Овој рид е избран за најстрашните репресалии на нацистичкиот режим и поради неговата близина до градот, а жителите на Ниш веројатно секојдневно го слушале пукањето од егзекуциите. Ромите, кои што биле задолжени да ги закопуваат труповите, ширеле приказни по градот од кои на сите  им замрзнувала крвта во жилите. Од февруари 1942 до септември 1944 год., убиени се околу 10.000 логораши од логорот Црвен крст. Целиот рид е испресечен со јами и гробови на стреланите луѓе.

Пред крајот на војната, вадени се посмртни останки и има обид за прикривање на злосторството, но стрелањата на Бубањ, толку навлегле во свеста на луѓето од Ниш, што сите тие обиди, пропаднале. Споменикот е подигнат во 1963 год. и свечено е отворен на Денот на ослободувањето. Тој е дело на не така познатиот хрватски вајар, Иван Саболиќ, син на самоук вајар, за кого се вели дека пред градењето на овој споменик, се наоѓал во некој вид на креативна криза. Меѓутоа, овој комплекс со 3 тупаници (машка, женска и детска), остава силен впечаток на сите посетители, а на патот до него се поминува покрај хоризонтален фриз од бел мермер, на кој се прикажани убиствата и страдањата, експлицитно наречени „Фабрика на смртта“ .

Естетскиот впечаток на споменикот од времето на Револуцијата ги заобиколува дотогашните советски манири и поприма облик на уметничко дело. Така настанале многу автентични споменици ширум СФРЈ,  вклучувајќи ги и Саболиќевите тупаници во Бубањ, како симбол на отпорот против авторитаризмот од кој биле инспирирани и бројни движења во постсоветските републики.

Тупаниците на Бубањ – трнливиот пат на модернизација на Ниш

Поминувајќи низ Ниш, запознајте го споменичкиот комплекс на Бубањ, кој покрај трите монументални тупаници, го сочинува и композицијата од 5 елементи, на која на модернистички начин се прикажуваат сцени од машините за убивање, стрелањата, бунтот на народот, капитулацијата на освојувачите и победата. Реченицата: „ Нѐ стрелаа, ама  никогаш не нѐ убија,никогаш не нѐ покорија“, врежана во споменикот, претставува надеж во идеолошката борба, повик за зачувување на идентитетот, набој за постојаност, лојалност и верба дека ваквите ставови живеат во нродот. Комплексот е изграден  во 1963 год., а во 2004 е изградена и необична стаклена капела од авторот  Александар Буѓевац. Доживејте ја големината и возвишеноста на Спомен-паркот Бубањ, кој освен што претставува меморијален парк, привлекува и со прекрасната природа и десетиците видови  птици, кои несметано живеат во него. Тоа е место кое современите Нишлии, често го посетуваат.

Логорот Црвен крст – Првиот пробив во Европа

Логорот Црвен крст е стратиштето во кое е организиран првиот пробив , односно бегството во окупирана Европа, на  12.02.1942 год. Во музејот на некогашниот логор, денес забележуваме  апел за плач, каде што голите логораши биле измачувани и претепувани, а зачувани се или се реконструирани самиците со бодликава жица, наместо постела, како и бараката каде што сѐ уште опстојува германскиот натпис Wache и двете SS букви. Овој музеј е еден од ретките во светот, кој на таков соголен начин го доловува страдањето и плачот на некогашните затвореници.

Ромската култура и уметничкиот впечаток

Појдете по Булеварот, 12 Февруари, низ  Сточниот плоштад, најголемота нишка, ромска населба, настаната на старите Еврејски гробишта, низ калливите сокаци, опеана и прикажана во филмот на прочуените „ полунишлии“, Горан Паскаљевиќ и Љубиша Самарџиќ, „Ангелот чувар“. Ромите и нивната музика се неизбежен дел од нишкиот„soundtrack“ , особено напукнатиот глас на Шабан Бајрамовиќ, чие што наследство и стил на боем, со задоволство го прифаќаме, но недоволно го почитуваме.

Од Ориентот до современиот Ниш

Нишлиите, со гордост истакнуваат дека нивниот град е на раскрсница на значајни патишта, дека е спој на Истокот и Западот, но и дека им е „ куќа на сред пат“ и оттука толку страдања и маки низ историјата. Разните освојувачи се задржувале пократко или подолго на ова место, каде што е роден царот Константин и во близина на кој се сретнале Срефан Немања и Фридрих Барбароса. Денешниот Ниш се развива на  основите настанати меѓу  Првата и Втората светска војна, кога градот се извлекува од оковите на ориентална касаба и ја стекнува својата граѓанска класа. Во овој период се градат улици и плоштади, со карактеристики на задоцнетиот неокласицизам, но и модернизам. Некогаш овде сте може можеле да говидите трамвајот кој тропкаше до Нишка Бања, а денес, поминувајќи по Вождовска улица, некогашниот Пиротски пат, палатата Јанковиќ, со Народниот театар, чија што  акустика е проектирана по углед на Миланската скала. Од Ниш доаѓа и Драгиша Цветковиќ, реформатор и модернизатор, кој на ридовите на Ниш градел социјални куќи и станови, кои и ден денес (макар оштени), можат да се функционални. Повеќето Нишлии го заборавиле својот сограѓанец, иако неговата вила и двор се едни  од најубавите украси на Нишка Бања.

Од паднатиот мост до споменик на Икар

Историјата на Ниш се протега во далечното минато, дури многу пред Римјаните. Крајот на XX век, го обележило и НАТО бомбардирањето, чии траги и денес ги забележуваме во Ниш. Бомбардиран е „ Камен мост“ во Ниш, а оштетен е и споменикот на плоштадот Крал Александар, кој е невешто обновен. Можете да се одморите и да земете здив во паркчето на плоштадот Мија Станимировиќ, набљудувајќи го споменикот на Икар, симбол на Воздушната команда на српската војска. Овој споменик, копија на кипот на Икар, кој се наоѓа на зградата на командата на авијацијата во Земун, е дело на вајарката Злата Марков Баран. Обрнете внимание и на напуштената касарна Мија Станимировиќ, зграда со интересна архитектура, со дискретни примеси на романски стил, по углед на воените објекти во германските градови. Изградбата на една од најголемите касарни во Србија почнала на 10.07.1899 год. во присуство на Александар Обреновиќ и кралот Милан Обреновиќ.

Најпознатиот симбол на Ниш е помалку иронично Нишката тврдина, која ја соѕидале Турците, во првата половина на XVIII век, на бреговите на Нишава. Претставува симбол на окупацијата на Османлиите. Се чини дека е изградена по малку доцна, кога веќе ваквите тврдини  престанале да бидат заштита од непријателот, но затоа  пак  е една од најдобро зачуваните тврдини од тоа време на Балканот. Иако во внатрешноста на ѕидините имало цел еден град, денес се зачувани само неколку згради, меѓу нив и Бали- беговата џамија (иако без минарето). Денес, тоа се галерии и атељеа, а целата тврдина е интересен парк во самиот центар на градот, каде што многу генерации Нишлии доживеале романтични љубовни искуства. Во тврдината се одржуваат и познатите Филмски средби, Хорски свечености и сѐ популарните џез-фестивали Нишвил.

Богата гастрономска понуда

Нишката гастрономска сцена е истоврмено и традиционална и осовременета. Пред  дваесетина години, позната  била нишката скара, но со знаењата и умешностите на угостителите, станало по малку еднолично јадењето на ќебапи, вешалици, раженчиња со лук. Пред десетина години, сопствениците на кафеани се сетиле дека треба да ја ребрендираат традицијата, па во менито ги воведуваат: јунешките  опашки, овчите  уштипци, похуваните пиперки полнети со сирење, трљаница и други древни ѓаконии. Тешко дека денеска ќе бидете разочарани од оброкот во некоја нишка кафеана. Повторно проработе дури и познатиот Американец на ридот над Ниш, во кој некогаш се веселеле Ричард Бартон и Елизабет Тејлор, на врвот на холивудската слава. Забавата ја организирал Маршал Тито, зашто црногорскиот режисер, Булајиќ  го убедил да го ангажира Бартон за да го претстави во филмот Битката на Неретва, а брачниот пар пак, дошол на локалниот актерски фестивал.

Обновен е и прочуениот хотел  Амбасадор, каде што отседнувала елитата. Сепак, кој сака подобро да се запознае со автентичните нишки специјалитети, би требало да го посети Два фенера, во нималку атрактивниот дел од градот, околу пазарот или да појде во Зврк, во главната Вождова улица, особено во летните месеци, бидејќи ресторанот има прекрасна бавча под липите и одлични моравски салати или леб запечен со црвен пипер. Тој специјалитет, којзнае зошто, Нишлиите го викаат „албанска салата“. Кој сака музика и дерт, тука веќе е култната Нишлијска механа, а старата слава ја враќа и Стара Србија, каде што поради реновирањето, жртвувана е бавчата. Бавча нема ниту Галија, по која прочуената рок-група го добила името, но затоа има одличен џигер во скрама, токму како и кафеаната Код Рајка во популарното Казанџиско сокаче.

Точки на интерес во областа

„Нишлиска механа“ и „Стара Србија“
Хотел „Амбасадор“ и „Три фенера“
Познат ресторан „Американец“
Од паднатиот мост до споменик на Икар
Logor Crveni krst - Niš
Логорот Црвен крст
Pesnice na Bubnju - Niš
Споменик на Бубањ

брошури и прирачници

Преземете ja апликацијата „Heritage Walks&Talks“

Преземете ja апликацијата

Vidikovac Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Viewpoint Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Click on image from gallery for larger preview

Restoran Shasi

Restoran Shasi - UIcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Karaula Fraskanjel

Karaula Fraskanjel - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svetog Jovana Krstitelja

Crkva Sv. Jovana Krstitelja - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svete Marije

Crkva Svete Marije - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Šasko jezero

Šasko Jezero - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vinarija Bogojević

Vinarija Bogojević - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vila Oblun

Vila Oblun - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Skadarsko jezero

SKadarsko jezero - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Hotel restoran ABC

Hotel ABC - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Restoran Groš

Restoran Groš - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Brdo Hisar

Brdo Hisar - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Narodni muzej Leskovac

1280px-Narodni_muzej,_Leskovac_04
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled