Приказната за Лепенски Вир започнува со група студенти по археологија од Белградскиот универзитет, предводена од професорот Драгослав Срејовиќ. Во 1965 год. почнуваат со ископувања врз основа на истражувањата на археологот Обрад Кујовиќ. По првичниот сомнеж, започнала еуфорија. Откриени се скулптури од облутки со изглед на риба, како и траги од населба со речиси современи урбани структури, од улици до плоштади. Овие откритија и скулптурите во кои се преплетувааат човечки и рибини мотиви и геометриски шари, предизвикале сензацијаво научните, но и во пошироките општествени кругови. Некои основни археолошки премиси, морале да се преиспитаат, а временскиот период во кој се развивала нашата цивилизација, требало да биде „ресетиран“.
Најдени се артефакти од времето на 9500 до 4500 год. п.н.е., од времето на раниот мезолит до доцниот неолит, во кое се случило сѐ што знаеме за праисторијата, од напуштањето на пештерите, преку изградбата на населби, припитомување на животни и билки, мешање со доселениците од Блискиот Исток до појавата на приватната сопственост. Тоа што не се случувало во овој период биле војните, зашто на остатоците на скелетите не се пронајдени повреди кои би укажувале на воени активности, така што може да се каже дека локалитетот Лепенски Вир е мал микрокосмос на траењето и опстојувањето на праисторискиот човек.
Застанете пред модерната зграда во која има остатоци од лепенската населба, како и изложбениот дел со околу 100 експонати, сала за проекција и сувенарница. Обрнете внимание на важноста на прозрачноста на таа зграда бидејќи таа му овозможува на локалитетот Лепенски Вир да се види сенката која ја фрла мистичната карпа Трескавица. Ова е еден од најголемите археолошки музеи на отворено во регионот и со неговата посета, бидете сигурни дека влегувате во некој вид на времеплов, кој ќе ве врати во праисторијата и развитокот на првите цивилизации. Кога ќе влезете во овој музеј, можете да го доживеете начинот на живот на древните луѓе, барем кога станува збор за за релјефот и положбата.
„Проколнатите скулптури“
Пред околу 8.000 години, во тек на период од околу 200 години, тогашните уметници вдлабиле околу 100 „лица“ со апстрктен дизајн. Лицата се едноставни, со широки округли очи, стилизиран нос и отворена уста. Не изгледаат срќно.
Археолозите велат дека главите изгледаат како мешавина на човечки и рибини обелележја, што ја претставува нивната необичност. Некои дизајни наликуваат на скелети на риба. Клисурите и басените во овој дел на Дунав, долго се дом на есетрата и други големи риби кои што им го овозможувале животот на луѓето на ова подрачје. Можеби древните луѓе, додека ловеле риби, си замислувале како нивнитедуши по смртта, мигрираат во риби. Значи, овие скулптури можеле да ги претставуваат предците.
Дали сте знаеле дека на локалитетот Лепенски Вир, покрај скулптурите со човечки и рибини црти, пронајдени се и скулптури со геометриски арабески, како и мотиви на елен? Некои недишифрирани шари на овие скулптури понудиле материјал да се развие сомнеж дека овде всушност настанало едно од првите пиисма. Во таа „сива зона“ спаѓаат и пронајдените скелети, погребани во седечка положба, во „турско седење“ или пак, скелетите високи над 190 см кои „зборуваат“ за разгранетиот и интересен живот во праисторијата.
Железната капија
Дали сте знаеледека Ѓердапската Клисура, според преданието, е создадена со помош на џинови? На просторот од Алпите до источните делови на Европа, се наоѓа Панонско Море. Пред 800 милениум, карпите се разделиле и тоа истекло со мореуз низ речната клисура Ѓердап. Легендата кажува дека џиновите (Ѓердап) или боговите ги провалиле Карпати од Голубачкото стеснување до Мал Штрпец и дозволиле Панонското Море да истече во Црно Море. Искусете ја големината на најголемата европска клисура пробојница и воодушевувајте ѝ се на силата на природата, која го создала овој феномен. Во средината на XX век, е изградена огромната хидроцентрала на Ѓердап, а пред поплавувањата на голем дел од брегот, започнала организирана археолошка активност за пронаоѓање на траги од човечки населби. Со изградбата на хидроцентралата, „припитомен“ е силниот Дунав, дошло до подигнување на нивото на водата и денес можете овде да уживате во погледот на преубавото акумулационо Ѓердапско Езеро. Овде можете да се запознаете со праисториските цивилизации, низ човечките и рибините мотиви на скулптурите, кои можете да ги видите на локалитетот, геометриските шари, скулптурите од облутки со рибин изглед и бројни други траги на населби.
Легенди – Преубавата Голубина, Проклетата Јерина и Шумска мајка
Појдете кон западниот влез во Националниот парк, каде што можете да ја видите мистериозната, неодамна обновената од темел Голубачка Тврдина. Не се знае точно, ниту сигурно кога е изградена, ниту пак кој ја изградил, но за нејзиното име се врзуваат разни романтични легенди. Според една легенда, Јерина, жената на деспотот Ѓурѓ Бранковиќ ( за која поради нејзината наводна суровост, се зборува како за Проклетата Јерина), одгледувала многу гулаби на тврдината, па оттука и името на целиот комплекс. Другата легенда вели дека во Голубачкиот град живее прубавата принцеза Голубина, која ја одбила љубовта на турскиот паша. За казна, ја врзале на карпа над Дунав и ја повикале да се покае. Се зборува дека по овој плач, карпата над Дунав се вика Бабакај. Некој името Голубац го поврзува со изгледот на самата тврдина, кој потсетува на гулаби на карпа.
Немилосрдноста на Шумската мајка
Интересната етничка структура и влашките народни обичаи и верувања живеат и денес и со нив можете да се запознаете на ова подрачје низ одредени места и преданија. Влашките мотиви (романска етничка група, слична на Романците, која живее во источна Србија со своите специфичности), најсликовито ги прикажува приказната за Мума Падури, заштитничка на жените и немилосрдна осветничка кон мажите. Кога ќе се најдете во околината на Бор, сетете се дека неодамна несолено се пошегувале со возачите , поставувајќи венчаница на патот, поради што многумина кои го виделе тоа, зборувале дека се работи за Шумската мајка, чија душа налик на Русталките, едри по широкото пространство на Неготинска Краина и Ѓердап, барајќи освета. Поминувајќи пак, покрај Дунав, замислете се над верувањето дека во некое време од својот живот, крапот добив крилја, излегува од Дунав и станува змеј.
Чудесното Тумане
Посетете го манастирот Тумане, кој по изгледот и архитектурата на величествената градба е единствен во Србија. За овој манастир се врзува верувањето дека верниците кои доаѓаат овде, доживуваат исцелувања и оздравувања. Верувањето живее и денес бидејќи е поткрепено и со понекоја вистинска случка на нашите сограѓани, па приказните од времето на преподобниот Зосим Синаит, го прават уште попостојан.
Прочуениот Бољетин
Дали веќе бевте на кањонот на Бољетинска река? Со влегување во музејот во Лепенски Вир, одвојте се по патеката која се влева во оваа клисура, која ја познава сиот научен свет, зашто од карпата на кањонот, шарени како парче од торта, се читаат милиони години од минатото на нашата планета. До клисурата се стигнува лесно, со педесетина метри оддалечената станица на меѓуградските автобуси на Бољетинскиот рид. Од мостот на низводниот крај на Бољетинската Клисура, продолжете право по стариот асфалтен пат крај рекичката.Тој лесно се качува под сенките на зеленилото кон Бољетинскиот рид. Од кањонот, може да се стигне по уредената, малку понапорна патека до видиковецот Гребен, од кој може да се доживее сета сила, моќ, но и мистиката на оваа голема река.
Ресторанот Златна рипка
Зошто не би го посетиле ресторанот „ Златна рипка“, каде што ќе се запознаете со сите достигнувања на ѓердапската гастрономија? Ќе ви биде понудена проја со праз и коприви, дунавски „морски плодови“, готвено влашко сирење на скара. Уживајте во автентичните вкусови на Ѓердап и искусете го начинот на живот покрај Дунав.