
Централна фигура на оваа композиција е кенотафот наречен ,,Божица на победата” или по зборовите на Богдановиќ ,,Шумска божица”. Конусот завршува со спирали кои симболизираат круна, давајќи така ,,кралска” почест на сите жртви. Пред да дојдеме до 12 метри високиот кенотаф поминуваме низ дрвена капија, направена да потсетува на стара српска народна архитектура, па посетителот може да помисли дека на влезот го чека домаќин со погача и сол и златно – жолта сливовица во чоканче или со чаши со големина на напрсток. Меѓутоа, по пат го чекаат тн. стеќци ( во тоа време помалку заборавени средновековни споменици од Балканот ), вкупно 34, а на 14 од нив се испишани имињата на народните херои и важните револуционери како и на 17 паднати борци погребани во Спомен – паркот.
Во подножјето на кенотафот се наоѓа амфитеатар, кој се вклопил во околината. На стеќците се наоѓаат спирали, древни симболи за обновување на животот, кои најмногу потсетуваат на гранки од папрат во развој, повторно симбол на прасловенската и предхристијанската митологија за вечниот живот. За таа вонвременска и нематеријалистичка идеја зборува и натписот на еден надгробен споменик ,,Мртви сме, но не сме заспале, каменот те гледа со нашите очи”.
Талентот, поврзаноста, соработката и на крајот страдањето на двата братски народа, Србите и Евреите се преплетуваат на овие простори. За тоа сведочи лапидариумот изграден од ретко зачуваните и искршени еврејски надгробни споменици. Не треба да се пропушти ни споменикот на загинатите Роми кој исто така е дело на единствениот Богдан Богдановиќ. Овој значаен споменик , за чие значење како туристичка понуда Лесковчани скоро и да не се свесни , прогласен е во еден документарен филм на BBC за архитектонско чудо на сакралната архитектура. За жал некој, во почетокот на деведесеттите, ги пресекол металните ,, обетки” од спиралата на кенотафот. Меѓутоа, дури и вака оштетен, споменикот оддава голема естетска и монументална вредност, значајна во регионални и светски рамки, токму како и неговиот многупати награден, а недоволно сфатен автор Богдан Богдановиќ.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM