
Првиот од т.н. цветови, како што се наречени помалите целини од комплексот со проектот на авторката, претставува помен на јунаците загинати во Балканските војни, кои потврдиле дека битките за слобода се заеднички именител за сите земји од Балканот. Имено, во 1912 год. тие поведуваат заедничка војна за конечно ослободување од Османлиското царство и неговото долго 5 вековно владеење.
Во жестоките борби кои се воделе овде учествувале и Љешњаните. Загинале голем број. Се случувало семејни огништа да згаснат после таа битка, но имињата и презимињата од сите нив остануваат да сјаат со бесмртност. Тоа се случило со семејството на Кикун Радуновиќ ,од село Прогоновиќ.После смртта на еден од синовите во Руско-јапонската војна,трите сина кои ги имал-Алекса,Благота и Илија загинале во битките за Скадар. Но,одејќи да ги посети гробовите од синовите, Кикун умира покрај нив затоа што тагата била преголема за неговото срце.Денес,неговите синови живеат со нивните имиња исклесани на камените плочи,а заедно со Кикун и во приказните и епската песна која е испеана.
Сепак, после конечната пресметка со Османлиското царство, заради недоразбирање околу поделбата на освоените територии,доаѓа до Втората балканска војна започната меѓу Србија и Бугарија. Црна Гора ѝ дава помош на Србија и учествува во одлучувачките битки како што е битката на Брегалница, во денешна Северна Македонија. Во двете Балкански војни загинале 115 Љешњани. Нивните имиња се исклесани на концентрично поставените камени плочи,во овој комплекс посветен на тие историски настани.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM