
На најистуреното место во градот, акрополата, видливи се високите одбрамбени ѕидови. Самиот влез во тврдината датира од VI век и покрај него се наоѓа Катедралната црква Св.Јован Крстител. Изградена е во 1300 година во римски стил, а интересно е што е накрепена на одбрамбениот ѕид на северната страна. Над аpсидата изградена е камбана. Во текот на последните археолошки истражувања откриено е дека катедралата е изградена на темелите на уште постара црква. Во внатрешноста на катедралата утврдено е присуство на бројни гробови. Веројатно, во периодот после XIX век, кога црквата повеќе не била во функција, се започнало со погребување во нејзината внатрешност затоа што се сметала за свето место.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM