Прилеп е познат како град под Марковите Кули, поради близината на тврдината која му прпаѓала на познатиот Крале Марко. Прилеп прави тројно здружување – тутун, позната храна и револуција. Слободно може да се рече дека градот може да се пофали со така дизајниран и уреден дел на своето секојдневие. Секој кој ќе почувствува потреба да се изолира од градскиот метеж и урбаниот живот и да оди некаде каде ќе пронајде мир и тишина, Паркот на револуцијата во Прилеп, претставува убаво место за одмор, рекреација и релаксација. Покрај тоа нуди можност за естетско, културно и историско надоградување. Со своето концентрирано зеленило се смета и за ,,бели дробови“ на Прилеп. Паркот на револуцијата во 1961 година е збогатен со споменици во чест на паднатите борци во Втората светска војна. Еден од најимпресивните е Могилата на ,,Непобедените“.
Како настанал меморијалниот комплекс
Поканата за реализација на меморијалниот комплекс била упатена на познатиот архитект, маестро Богдан Богдановиќ. Разгледувани биле три места во Прилеп, како можни локации за спомен обележјето. Меѓу нив бил и познатиот локалитет Маркови Кули. Меѓутоа ниту една од предложените локации не го импресионирала ниту го инспирирала Богдановиќ. Тој сосем случајно од еден постар човек, добил идеја локацијата да биде на висорамнината на јужната периферија на градот, каде постоел парк пред Втората светска војна. Архитектонскиот комплексен локалитет, ја симболизира победата на слободата над ропството. Се состои од два одвоени дела кои меѓусебно се надополнуваат. Едната е заедничка крипта на скоро 500 паднати борци за ослободувањето на Прилеп од фашизмот. На внатрешниот дел од криптата се изгравирани имињата на сите борци од прилепскиот крај кои ги изгубиле своите животи во Втората светска војна. Другиот дел претставува 8 скулптури кои се поставени на кружна плоча.
За ,,Паркот на револуцијата’’ со ,,Могилата на непобедените ‘’
,,Паркот на револуцијата“ со ,,Могилата на непобедените“ е архитектонски комплексен локалитет изграден во знак на сеќавање на погинатите борци од Прилеп во борбата за ослободување од фашистичкиот окупатор и симболичен приказ на победата на слободата над ропството. Започнат 1960 година и претставен на јавноста 1961 година, комплексот е замислен како своевидна прослава на прогласувањето на градот Прилеп како ,,Партизански град“ во почетокот на 1960-тите години од страна на тогашната југословенска влада. Се состои од два одвоени дела кои меѓусебно се надополнуваат. Едната е заедничка крипта од скоро 500 паднати борци за ослободување на Прилеп од фашизмот, која е во затворен кружен облик со отвор кон север. На внатрешниот дел од криптата на мермерни плочи се изгравирани имињата на сите борци од прилепскиот крај кои ги изгубиле животите во Втората светска војна. Вториот дел од овој меморијален комплекс го претставуваат 8 скулптури кои се поставени на округла плоча кои се пред криптата. Седум од нив се високи 2,9 метри , а една , најдоминантната, висока е 5 метри.
Значење на скулптурите
Интерпретациите на нивните облици, значењето и бројот се различни. Според едно толкување тие имаат облик на древните грчки урни во кои се чувала пепелта на мртвите. Најголемата статуа во комплексот на врвот има симболичен оган, кој го претставува отпорот на македонскиот народ. Некои толкувања тврдат дека статуите ги преставуваат шесте југословенски републики и двете покраини. Според друго толкување, овие осум скулптури се феминизирани скулптури стилизирани по јонскиот стил на столбови, кои играат околу поголемата ,,божица“ (слободата). Богдановиќ бил импресиониран од руската балерина Ана Павлова, што на ова толкување му дава тежина. Еве што самиот Богдановиќ рекол за прилепските скулптури: ,,Вака изгледаат моите нимфи, скулптури во Прилеп. Надреалистично, затоа што нивните глави имаат две лица – едно во профил и друго во анфас. Како Богот Јанус“. Подоцна, кога околината на меморијалниот комплекс е нарушена со новоизградените згради и патишта, Богдановиќ повторно е повикан да го сочува неговиот естетски изглед. Предложил пошумување со зимзелена шума, за да се сокрие од погледот сето тоа што ја расипала естетиката на комплексот. Така овој комплекс добил изглед каков што Прилеп и неговите граѓани денес го познаваат и уживаат во него. Целата локација на паркот во периодот на 2007/2008 година била целосно преуредена и освежена. Тоа му дало нов сјај и шарм кој ја спојува архитектурата и историјата со природата.
Алеа на народните херои
Во склоп на ,, Паркот на револуцијата“, на неговиот источен влез, се наоѓа ,, Алеа на народните херои“. Изградена 1961 година. Тука се наоѓаат бистите на најважните прилепски херои од Втората светска војна: Кире Гаврилоски - Јане, Иле Игески – Цветан, Орде Чопела, Борка Талески, Кузман Јосифовски – Питу, Мирче Ацев, Борка Велески – Лефта, Рампо Левката, Лазо Филипоски – Лавски и Круме Волнароски. Во најинтимниот дел од паркот, се наоѓа симболичен споменик посветен на жените борци за слобода од Втората светска војна.
Прекрасно место за одмор и рекреација
Секој добронамерен посетител на овој естетски, уметнички и хортикултурно уреден комплекс има можност да ужива во неговиот пријатен амбиент. Стазите за пешаци, за лесен тренинг и трчање исто така даваат можност за активно користење на ова место. Густо пошумената површина воодушевува со свежиот воздух. Може да се одмара и ужива во мир и тишина. Од неколку места во паркот се овозможува фастантичен панорамски поглед на градот и Марковите Кули, преубав поглед на Селечка Планина и импресивен поглед на Пелистер и величествените падини на планината Баба.
Останатите споменици на револуцијата во околината на Прилеп
Замрзната агонија
Еден од спомениците вреден за посета е посветен на партизанот кој го дал својот живот за слобода. Се наоѓа на Песјобртце, Прилеп. Автор на споменикот е прилепскиот вајар Конески- Мазучанец. Споменикот е своевидна ,,замрзната“ агонија на борец за слобода, во моментот на жртвувањето на својот живот заради постигнување на повисока цел.
Смрт на фашизмот
Споменикот посветен на ,,Масакрот во Дабница“, настан од Втората светска војна, се наоѓа во селото Дабница недалеку од Прилеп. Познат под името ,,Смрт на фашизмот“ преставува спомен на погубувањето на 18 луѓе, 12 жители од Дабница и 6 луѓе од Прилеп од страна на бугарскиот фашистички окупатор во 1942 година кои претходно биле нехумано мачени и малтретирани. Оригиналната верзија на споменикот било дело на вајарот Димо Тодоровски. Автор на денешната реконструирана верзија е вајарот Сашо Поповски.
Други знаменитости на Прилеп
Познатите Маркови Кули
Кога се наоѓате во Прилеп, посетата на Марковите Кули е нешто што несмее да се пропушти. Марковите Кули се место од големо значење, како за историјата така и за културата и традицијата на Прилеп. Овде се наоѓа палатата на кралевите Вукашин и Марко. Според историските истражувања, оваа тврдина до втората половина на 13-ти век, па и покасно ја бранеле само 40 војници. Во 14-тиот век овој дел служел како привремено засолниште на околните жители од наездата на османлиите. После смртта на Крале Марко 1395 година оваа населба ја окупирале Османлиите. Тоа ги натерало луѓето да бараат засолниште во блиското подрачје. Така во подножјето на Марковите Кули настанала населбата под името Варош, под кое име и денес постои. Денес Варош е дел на Прилеп, единствено поранешно село околу Прилеп кое е населено.
До почетокот на 11-ти век не постоеле писмени податоци за Прилеп. Во Византискиот ,,Siglionum“ на царот Базилиј II (976- 1025) од 1018 година Прилеп првпат се спомнува како тврдина Прилапон. Градот и тврдината се спомнуваат и во кратката историја на современиците на царот Самуил, на Византискиот писател Јован Скилица. Во текот на 11- ти и почетокот на 12-ти век преку откриените археолошки наоѓалишта може да се следи миграцијата на припадниците на несловенските групи во Прилеп од различни делови на Византија, што предизвикува мешање на новопристигнатите жители со домородците. Тоа било причината првите почетоци на византискиот Прилеп да се појават во текот на 12-ти век.
Една куќа една црква
Според легендата, некогаш во Варош имало 77 семејни куќи и ист број цркви. По една за секоја куќа. Некои од нив се сочувани како манастирот Варош со црквата,,Св. Архангел Михаил“, ,,Св.Никола“, ,,Св.Богородица Пречиста“, ,,Св.Атанасиј“, ,,Св.Петар“ и ,,Св.Димитрија“. Денес се наоѓаат во добра и функционална состојба, со непроценливо значајни фрески кои воодушевуваат. Од оваа населба потекнуваат и двајца народни херои, Орде Чопела и Мице Козар, чии споменици се поставени во Паркот на револуцијата.
Музеј на тутунот во Прилеп
За љубителите на историјата и уметноста, препорачана дестинација е Музејот на тутун во Прилеп. Се наоѓа помеѓу Марковите Кули и споменикот посветен на паднатиот партизански борец на Песјобрдце. Содржи импресивно културно и уметничко опкружување на најважните предмети поврзани со конзумирањето тутун. Нив ги користеле некои од најистакнатите историски личности (муштикли, на пример, од рускиот цар Никола и низ други слични артефакти). Приказната на кустосот на музејот на посетителите им нуди единствено и возбудливо наративено и визуелено патување низ минатото.
Прекрасната храна во Прилеп
Прилеп од секогаш се сметал за град со добра гурманска понуда. Различните ресторани во Прилеп нудат различна и богата кулинарска понуда. Прилеп посебно е познат по јадењата на скара. Во различните јадења на скара можете да уживате во градските кафани во центарот на градот или во приградските ресторани кои пружаат прекрасен поглед на околината на Прилеп.
Ресторан Алавантиоски
Кога станува збор за избор на ресторан, каде што покрај скарата ќе пробате и некои други специјалитети, можете да го посетите ресторанот ,,Алавантиоски“, кој се наоѓа покрај вештачкото езеро во Прилеп. Летната тераса на ресторанот овозможува импресивен поглед на езерото и на највисоката планина кај Прилеп, Бабуна со врвот Козјак. Ви препорачуваме да го пробате прочуениот прилепски ширден, јадење кои ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови. Тука е и познатиот македонски специјалитет ,,селско месо“кој ресторанот ,,Алвантиоски“ мајсторски го подготвува. Ресторанот исто така нуди различни јадења на скара со одличен квалитет.
Ресторан Кермес
Ако сте љубител на риба, ресторанот ,,Кермес“ кој се наоѓа покрај ,,Паркот на револуцијата“ е вистинското место за вас. Одличната услуга и комплетната понуда на менито со различни јадења и специјалитети на скара никого не го оставаат рамнодушен. После прошетката низ ,,Паркот на револуцијата“, храната во ,,Кермес“ е одличен избор.
Ресторан – пицерија Дел Посто
Љубителите на италијанската храна нема да погрешат ако го посетат ресторанот – пицерија ,,Дел Посто“ која се наоѓа во центарот на градот. Исто така во понудата на ресторанот ќе најдете и егзотични специјалитети на мексичката, италјанската и другите светски кујни.
Ресторан Академи
Усте една препорака е ресторанот ,,Академи“, кој исто така се наоѓа во центарот на градот, каде има солидна понуда на различни јадењаод тестенини и пијалоци.