Шаското Езеро се наоѓа под тврдината Свач и е второ поголемина низинско природно езеро во Црна Гора со површина од околу 40 km2. Езерото е длабоко околу 3 метри. Најголема измерена длабичина на езерото е 8 метри кај подводниот извор Бегово око, кој претставува еден од главните извори од кои се полни Шаското Езеро, но и место каде што во текот на зимата се собираат риби за мрестење. Езерото се полни и од Меѓуречка Rека и преливните води преку реката Бојана. Тоа е втора најголема криптодепресија во Црна Гора. Со доаѓањето на брегот на Шаското Езеро, можете да почувствувате мир и тишина и да ги подготвите вашите сетила за уживање во биодиверзитет кој го карактеризира ова подрачје. Постои една легенда дека жителите сокриле златна колевка(лулка) на дното на езерото, а исто така дека по пештерите околу Свач живеат самовили.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM