
Гал Валериј Максимилијан Галериј ја изградил палатата, утврдена со бедем, со 20 одбранбени кули, на површина од 6,5 хектари. Денес е возможно да се посети целината, која опфаќа остатоци од сакрално – меморијалниот комплекс, два мавзолеи и два споменика, Ромулиниот и Галеријевиот. На километар од овој локалитет, можно е да се посети и урнатината на монументалниот тетрапилон на ридот Магура. Посебно интересни се тумулусите на ридот Магура, последните споменици на римската апотеоза, односно постапката на умрените членови на царската фамилија, посебната постапка на погребување „ промовирање“ во богови.
За денешниот изглед и значење кои ги добил овој локалитет, можеме да му заблагодариме на најзначајниот српски археолог, Драгослав Срејовиќ. Тој ги започнал ископувањата на почетокот на седумдесеттите години од XX век, верувајќи дека се работи за многу позначаен објект од воен логор. Кога во 1984 год. е пронајдена архиволтата (мост кој спојува 2 столба), со натпис Феликс Ромулијана, јасно било дека се работи за царска палата, според размер и значење еднакви со многу познатата Диоклецијанова во Сплит. Срејовиќ не поживеал подолго, но неговото дело останало. Локалитетот ја добил својата туристичка вредност, а сите напори на српските и заечарските археолози, крунисани се со статусот Добра на светското културно наследство УНЕСКО, кој Феликс Ромулијана го добила во 2007 год. Покрај мозаиците, кои спаѓаат во најубавите од времето на доцната антика, уметничките дела од Феликс Ромулијана, можат да се видат во Заечарскиот музеј. Овде, на 11 км подалеку од Феликс Ромулијана, се чува главата на Гал Валерије, изработена од скап и редок камен - порфир, како и познатите мозаици Лавиринт и Дионис.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM