
Познатиот рид Хисар е место на кое се случиле стравотни злосторства во Втората Светска војна, на кој се убиени повеќе од 1000 луѓе, претежно Роми, Срби и Евреи. Меѓутоа, мистерии и легенди, а не само страдање, се поврзани со ридот Хисар. Во почетокот на 21-от век пронајдени се и мистериозни предмети, а најпозната е ‚‚Туровиќева игла‘‘ долга 64,5 сантиметри од не‘рѓосувачки челик за која е утврдено дека потекнува од периодот од 1300 година п.н.е. Таа укажува на напредно ниво на технички развој на жителите на овој локалитет во праисторијата. Технологијата на изработка на овој предмет уште не е откриена, па дава повод за различни приказни. Легендата кажува дека под денешниот рид Хисар се наоѓало езеро, но после неговото пресушувањето на тоа место изникнал лешник (леска). По тоа растение населението пред околу 600 години го добило и името. За блиското Власинско езеро се врзуваат и легенди за водениот бик кој ја најавува несреќата за џиновите. Особено е интересна легендата за војската која опиена од лековитите тревки задоцнила на Косовската битка и го проколнала селото низ кое поминувала, нарекувајќи го Црна трева. Освен страдања, мистерија и легенди, комплексот на Хисар е исклучителен и по неговата вкоренетост во историјатот на Лесковац и контекстот во кој овој град се развил од праисторијата до денес. Затоа за целокупното доживување на ова уметничко дело важно е да се посети и градот, да се знапознаат луѓето, јазикот и менталитетот.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM