
Приказната за Лепенски Вир започнува со група студенти по археологија од Белградскиот универзитет, предводена од професорот Драгослав Срејовиќ. Во 1965 год. почнуваат со ископувања врз основа на истражувањата на археологот Обрад Кујовиќ. По првичниот сомнеж, започнала еуфорија. Откриени се скулптури од облутки со изглед на риба, како и траги од населба со речиси современи урбани структури, од улици до плоштади. Овие откритија и скулптурите во кои се преплетувааат човечки и рибини мотиви и геометриски шари, предизвикале сензацијаво научните, но и во пошироките општествени кругови. Некои основни археолошки премиси, морале да се преиспитаат, а временскиот период во кој се развивала нашата цивилизација, требало да биде „ресетиран“.
Најдени се артефакти од времето на 9500 до 4500 год. п.н.е., од времето на раниот мезолит до доцниот неолит, во кое се случило сѐ што знаеме за праисторијата, од напуштањето на пештерите, преку изградбата на населби, припитомување на животни и билки, мешање со доселениците од Блискиот Исток до појавата на приватната сопственост. Тоа што не се случувало во овој период биле војните, зашто на остатоците на скелетите не се пронајдени повреди кои би укажувале на воени активности, така што може да се каже дека локалитетот Лепенски Вир е мал микрокосмос на траењето и опстојувањето на праисторискиот човек.
Застанете пред модерната зграда во која има остатоци од лепенската населба, како и изложбениот дел со околу 100 експонати, сала за проекција и сувенарница. Обрнете внимание на важноста на прозрачноста на таа зграда бидејќи таа му овозможува на локалитетот Лепенски Вир да се види сенката која ја фрла мистичната карпа Трескавица. Ова е еден од најголемите археолошки музеи на отворено во регионот и со неговата посета, бидете сигурни дека влегувате во некој вид на времеплов, кој ќе ве врати во праисторијата и развитокот на првите цивилизации. Кога ќе влезете во овој музеј, можете да го доживеете начинот на живот на древните луѓе, барем кога станува збор за за релјефот и положбата.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM