
На самата граница со Албанија, над реката Бојана се издига ридот Фраскањел на коj од далеку се гледа војна караула. Од оваа позиција се нуди прекрасен поглед на сите страни. На јужната страна се Гледа Јадранско Море во кое се влева реката Бојана, како и околните села Св.Ѓорѓе, Св.Никола и Штој од црногорската страна, а на албанската страна се гледаат селата Луарза и Пулај.
Од западната страна се гледа целото Анамалско подрачје со Шаското Езеро, додека на север се гледа брбото Тарабош со антени на врвот и се до близината на градот Скадар каде реката Бојана истекува од Скадарското Езеро. Од источната страна се гледа целата област Задриме, селата Пентар, Дајч и Ширѓ и брдото Белај кое се наоѓа на другата страна на реката.
Според историските податоци на брдото Фраскањел и брдото Белај кое се наоѓа наспроти Фраскањел од другата страна на реката, постоела по една тврдина во средниот век.
Според една легенда овде две господарски албански фамилии изградиле две тврдини за да му земаат данок на секој кој ќе плови овде. Тие го блокирале влезот така што направиле огромни синџири кои се закачувале на двете страни од брегот.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM