Самоилова Тврдина

Фантастичниот спој на убавината и историјата на едно место, го чинат Охрид едно од ретките места на кои можете да се препуштите на целосно уживање. Овој бајковит град е сместен на истоименото езеро и оправдано претставува мета на туристи од целиот свет.
Самоилова Тврдина, Охрид, Северна Македонија

Самоилова Тврдина, Охрид

Фантастичниот спој на убавината и историјата на едно место, го чинат Охрид едно од ретките места на кои можете да се препуштите на целосно уживање. Овој бајковит град е сместен на истоименото езеро и оправдано претставува мета на туристи од целиот свет. Нестрпливо тргнуваме во негово откривање, па од главниот плоштад кој се наоѓа до пристаништето, со неколку чекори стигнуваме до Долна порта или капија, од каде започнувале ѕидините. Тука затекнуваме само остатоци од нив и табла со кратко објаснение. Недалеку се наоѓаат и болничките цркви, кои во средниот век имале улога на карантин.

Уште од антички период и изградбата на патот Виа Игнација кој ги поврзувал Рим со Цариград, патот го користеле трговците кои ја разнесувале својата стока од Западна кон Источна Европа и обратно, а Лихнидос бил важна станица каде правеле пауза за одмор. Во карантин, дојденците биле проверувани дали освен стока за продажба имаат и некоја болест која можела да го зарази локалното население.

Тесните, кривулести улици и сокаци поплочени со калдрма се искачуваат кон врвот на ридот, каде е и цитаделата, највисокиот дел од тврдината. Попатно се шират мириси на уловена риба, а долж долните улици, оние до брегот, се протегаат рибарски мрежи, кошеви и друг риабрски алат. Понатака, патот станува уште пострмен и потежок, па тера на воздишка и на помислата дека словенското име на градот Охрид, ох,ох....оправдано.

Едно впечатливо здание

Додека му приоѓате на градот, уште од далеку е видлива охридската тврдина заради својата доминантна местоположба на врвот од ридот. Градот некогаш бил престолнина на моќно средновековно царство. И обратно, кога ќе се искачите на тврдината, од висина се протега поглед на котлината која ја исполнува езерото и пошироко на југ кон Албанија, додека кон северозапад е градот Струга и планината Јабланица, а на исток планината Галичица.  Прегледноста значела предност пред непријателите во текот на борбите, но и можност да се даде некаков знак на поданиците со истакнување знаме и слично. Обрнете внимание како локацијата на североисточниот брег од Охридското Езеро е богат со риба, опкружен е со шума полна со дивеч и ги овозможува сите ресурси да бидат лесно достапни. Сепак, стратешката позиција била пресудна за нејзина изградба. Прегледноста на околината во време кога варварските племиња ја пустошеле околината, била голема предност. Ја изградил, како што се претпоставува Филип II, уште во IV век пне, македонски антички крал, татко на Александар македонски, како утврдување од каде можел да се бори против илирските племиња кои пустошеле на север и за одбрана на своите северни граници на, во тоа време моќната империја.

Продолжувајќи so искачување, ќе стигнете до античкиот театар кој е изграден приближно во исто време со тврдината, за потребите на тогашната античка метропола. На почеток бил користен за прослави поврзани со култот кон богот Дионис, двапати годишно, напролет и наесен за време на гроздобер. Покасно се изведувани трагедии и драми од познатите Есхил, Софокле, Еврипид, а со доаѓањето на Римјаните театарот е претворен во гладијаторска арена.

Твдрината служела за одбрана на градот за време на македонско – римските војни кои следеле после смртта на Александар македонски и ослабувањето на моќта на неговата империја. За денешниот изглед на средновековната тврдина се погрижил царот Самуил. По преселбата на својата престолнина од Преспанско Езеро во Охрид, ја обновил цитаделата и масивните бедеми кои го опашуваат стариот дел од градот. Токму заради тој негов придонес, тврдината е позната по неговото име.

Минувајќи низ Самуиловата Тврдина, знајте дека проаѓате низ 25 векови долгата охридска историја. Тука се вткаени смени на владетели, разурнувања и оштетувања на тврдината, влијанија на земјотреси и бројни поправки и доработки. Во тврдината се влегувало преку 3 влеза – капии, па така се спомнуваат Долна Порта или капија во близина на езерото и градското пристаниште, Челна порта кај црквата Света Богородица Челница и Горна Порта на возвишението над Античкиот театар, во чија близина во 2002 г. биле откриени златна маска и златна ракавица со златен прстен, дел од богатите кнежевски гробници. Минувајќи покрај Долна Порта, имајте на ум дека неа претежно ја користеле трговците. Горна Порта била позната по легендата за убиството на Јован Владимир, зет на цар Самуил, сопруг на неговата ќерка, принцезата Теодора Косара. Јован Владимир бил кнез на областа Дукља, а денес е заштитник на пристанишниот град Бар во Црна Гора. Легендата говори дека Косара му запнала за око на младиот принц, а потоа го негувала додека бил заробен во една од кулите од тврдината. Борбите за престолот биле чести во тоа време, па меѓусебно се убивале и блиски роднини.

Во внатрешноста на ѕидините можете да ги видите бројните кривулести улици поплочени со калдрма, ниски дрвени и голем број повеќекатни куќи. Овде се одвивала трговија и живот. Најбројни биле рибарите, а нивните мрежи распнати на сите страни и мирисот на сушена риба доминирале со просторот. Охридските пастрмки и крапови биле прочуени надалеку, дури и во цариградскиот двор. Ги сушеле и тaка ги зачувувале, бидејќи во тоа време не постоеле замрзнувачи за складирање. Освен со риба, се тргувало и со кожа. Покасно, се започнала трговија и со свила која доаѓала од исток, како и со источни зачини. Културниот живот се одвивал главно во Античкиот театар, како одраз на влијанијата од различните култури и освојувачи кои се менувале.

Словенското име кое стои во историските записи е Охрид – град изграден на рид, брдо. Според една легенда, Самуиловите војници носејќи ги по ридот тешките камења за изградба на тврдината, извикувале ох – риде!

Одмаздата кон Самуил

Една од легендите говори дека византискиот император Василиј ослепел 14 илјади Самуилови војници во моментот на својата победа, за да му се одмазди на Самуила за сите претходни порази кои ги претрпела византиската војска. Долгото владеење на Византија, во 14-от век било заменето со српско владеење под цар Душан, а потоа од 1395 година започнува владеењето на Отоманското Царство.

Легенда за робинката Ташула

Кон крајот на 13-от век, самоволниот владетел, рушител, но истовремено и градител, Џеладин бег, извршил големи интервенции на бедемите од цитаделата и изградил горен сарај – палата на јужната половина, заради што за цитаделата се одомаќинило името Горни Сарај. Според преданието, робинката Ташула, на Плаошник (кај турбето/гробот на Синан Челеби Охризаде, турски доброчинител), го задушила и закопала нивното заедничко дете, ќерка, измачувана од вината дека родила дете од припадник на друга вера.

Преобразба на Самуиловата Тврдина

Некаде во 19-от век тврдината ја започнува нејзината преобразба во културно-историски споменик, ослободувајќи се од дотогашната историска улога. На подрачјето од Горниот град (цитадела), во текот на последните години извршени се голем број археолошки истражувања, со кои се откриени бројни вредни предмети. Покрај античка и средновековна грнчарија, питоси, многубројни монети, сребрени предмети (мали колички, сандали...), бронзени фигури на митскиот Дедал, пронајдени се и златна маска и златна ракавица со прстен. Значењето на наодите на овие маски е тоа што се потврдува претпоставката дека тие биле составен дел од античко – македонската култура, затоа што во поширокото подрачје од градот Охрид, во почетокот на 20-от век се пронајдени 4 вакви маски.

Некои нови поимања на реалноста

На јужната страна од ридот, можете да забележите како цветаат диви бадеми, се слушаат црквени ѕвона и одекнува молитва на муезинот од тенкото минаре. Одејќи кон центарот на градот, ви се јавува чувство на глад и можете да размислувате за избор на јадење, кој е голем – од свежо уловени пастрмки и белвици, сезонски салати, традиционални јадења како месо, тавче гравче, полнети пиперки, мусака, па сѐ до ќебапчиња во старата чаршија. Охридските бисери се можеби најпопуларниот бренд на охридската шаршија, а тајната на нивната изработка и понатау останува мистерија.

Црквата Свети Јован Богослов

Византиската црква Свети Јован Богослов е од 13-ти век, на крајната југозападна точка од ридот на кој се формирал стариот дел од градот и се издигнува на карпа над езерото, покрај некогашната рибарска населба Канео и локалното население ја знае со тоа име, како црква Канео. Популарна „Инстаграм“ точка, отсекогаш со својата положба привлекувала набљудувачи. Тука се снимени некои кадри од филмот на Манчевски, 'Пред дождот", своевремено награден со највисоката награда Златен лав во Венеција.

Ресторан „Летна бавча Канео“

Во подножјето на црквата, на истоимената плажа Канео се наоѓа и ресторанот „Летна бавча Канео“. Се работи за фамилијарен ресторан, сместен во куќата од сопствениците, од брегот од кој нивните претци тргнувале во риболов, кој некогаш им бил главен занает. Овој ресторан во последните неколку години израсна како еден од најдобрите во Охрид. Освен традиционалната рибна понуда, менито е прилично богато и оригинално, а амбиентот фантастичен. Со прошетка преку таканаречениот дрвен Мост на желбите, до ресторанот ќе стигнете за 15-ина минути од центарот, попрецизно од пристаништето, а уште подобра варијанта е тоа да го направите со чамец или на охридски „кајче“. За организирани групи, за превозот ќе се погрижи ресторанот.

Ресторан „Дамар“

Сместен во срцето на стариот град, веднаш зад катедралната црква Света Софија од 11-ти век. Неговото име е архаизам со значење пулс, пулсирање, а за пулсот на позитивна енергија, гарантираат сопствениците кои своето мени го базираат на традиционална храна, риба, како и деликатеси кој ретко има да ги понуди, како и некои новосоздадени специјалитети на куќата.

Винарија и вила „Мал Свети Климент“

Првобитно вила, својата сместувачка понуда ја збогатува и со други содржини. Така, во тој уникатен амбиент, комбинација од дрво и камен, се организираат вински дегустации на автохтоните сорти памит, ркацители и други, кои сопствениците ги култивираат во своите лозја на 10 километри од градот и за кои се наградувани повеќе пати со меѓународни признанија. За своите гости организираат и едрење. Вилата и винарија „Мал Свети Климент“ се наоѓа на 5 минути пеш од градскиот плоштад, преку патот кој води кон истоимената древна црква.

Али Пашина џамија

Али Пашината џамија или бела џамија која ја изградил белградскиот визир Али Паша во 16-от век, е споменик од отоманската архитектура во централниот дел од корзото или чаршијата, односно базарот, како што некогаш го нарекувале трговскиот дел од градот, со разни продавници за сувенири, бисери, филиграни, бутици и сл. Во еден период се користела и како медреса, т.е. религиозна школа. Се верува дека меѓу ретките балкански џамии имала две минариња, кои подоцна ги изгубила. Сигурните историски извори говорат за само едно минаре срушено во 1912 г. за време на Балканските војни. По повеќе од 100 години, џамијата е во целост реставрирана, а минарето обновено во 2019 г. со донација на Република Турција и нејзиното министерство за култура.

Градски музеј  - Куќата од браќата Робевци

Извонреден пример од отоманската архитектура од 19-от век е некогапната куќа од семејство на богати трговци, по Втората Светска војна претворена во симаптичен музеј со интимен карактер. Приземјето е предвидено за археолошки наоди од регионот, првиот кат е од резиденцијален тип, посветен на семејството од сопствениците со типичен мебел од тој период, а плафоните од вториот кат се посветени на традиционална резба. На вториот кат, освен резби, изложен е и антички, златен накит. Музејот се наоѓа во срцето од стариот дел од градот, на 5 минути пеш од градскиот плоштад.

Куба Либре бич бар ресторан

Овој објект се сместил на сосема спротивен крај од стариот дел од градот, практично на излезот од градот во правец кон манастирот Свети Наум, но затоа оттука се протега фантастичен поглед на градот, како на разгледница. Куба Либре со години успешно организира најдобри забави кои се прераскажуваат, претежно со кубански танчерки. Во јавноста се познати како иноватори, секога први кои воведуваат новитети во понудата. Од градското пристаниште барот е оддалечен 20-тина минути пеш, а посетеноста на локалот само го потврдува неговото високо реноме.

Вила Света Софија

Лоцирана во срцето на стариот град, над плажата Сараиште и катедралната црква Света Софија, по која е именуван, овој објект е реставрација од стари историски зданија, некогашни куќи од трговци кои биле извонреден пример за архитектура од 19-от век и е добиен со спојување на две такви куќи, па така се наоѓа на две паралелни улици. Уредена во модерен етно-стил со зачувани оригинални детали, издивнува со префинет стил и елеганција и нуди традиционално мени. Освен тоа, сезонски во склоп на вилата функционира и пицерија која се наоѓа на самата плажа.

Crkva Sv.Sofije

Според мислењата на мнозинството експерти, се работи за најзначајниот културно – историски споменик на територијата на С. Македонија. Има повеќе хипотези за нејзиниот градител, а тоа најверојатно бил цар Самуил, кој за престолнина на својата држава решил да го избере Охрид. Оваа средновековна катедрала датира од крајот на 10-от век, додека ѕидните фрески се избор на архиепископот Лео од почетокот на 11-от век, за што постојат прецизни записи. Посветена е на Божјата премудрост (грчки: sopfia - мудрост) и повеќе од три века, сѐ до доаѓањето на Турците кон крајот на 14-от век, се користела како катедрална црква на моќната Охридска Архиепископија. Отоманците во 15-от век ја претвориле во џамија и била во служба на Исламот, сѐ до 1912 г., но дури после Втората Светска војна започнале конзерваторски работи на фрескоживописот кој претставува ремек дело на византиската уметност од епохата на династијата Комнени. Денес, заради извонредната акустика се користи за изведување концерти на класична музика во склоп на реномираниот фестивал „Охридско лето“, кој традиционално се одржува секоја година во периодот од 12-ти јули до 20-ти август.

Точки на интерес во областа

Вила Света Софија
Куба Либре бич бар ресторан
Али Пашина џамија
Винарија и вила „Мал Свети Климент“
Ресторан „Дамар“
Ресторан „Летна бавча Канео“
Црквата Свети Јован Богослов
Преобразба на Самуиловата Тврдина
Одмаздата кон Самуил
Ali Pašina đamija - Ohrid 1
Али Пашина џамија
Gradski muzej Ohrid
Градски музеј
Crkva Sv.Sofije - Ohrid
Црква Света Софија
Samoilova tvrđava - Ohrid
Самоилова Тврдина

брошури и прирачници

Преземете ja апликацијата „Heritage Walks&Talks“

Преземете ja апликацијата

Vidikovac Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Viewpoint Svač

Vidikovac Svač - Ulcinj
Click on image from gallery for larger preview

Restoran Shasi

Restoran Shasi - UIcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Karaula Fraskanjel

Karaula Fraskanjel - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svetog Jovana Krstitelja

Crkva Sv. Jovana Krstitelja - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Crkva Svete Marije

Crkva Svete Marije - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Šasko jezero

Šasko Jezero - Ulcinj
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vinarija Bogojević

Vinarija Bogojević - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Vila Oblun

Vila Oblun - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Skadarsko jezero

SKadarsko jezero - Podgorica
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Hotel restoran ABC

Hotel ABC - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Restoran Groš

Restoran Groš - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Brdo Hisar

Brdo Hisar - Leskovac
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled

Narodni muzej Leskovac

1280px-Narodni_muzej,_Leskovac_04
Klikni na sliku iz galerije za veći pregled