Дали сте знаеле дека Фарската Конвенција е посветена на зачувување на културното наследство на кое е испишана историјата на човештвото?
Или можеби дека за првпат концептот на проектот Heritage Walks & Talks е спомнат и разгледуван токму на Фарската Конвенција, како пример за добра пракса од областа на зачувување на животната средина и културното наследство?
Фарската Конвенција укажува не само на грижата за културното наследство, туку и на потенцијалот на истото и на можноста за негов придонес кон развојот на идентитетот на регионот, па оттука културното наследство треба да се земе во предвид при креирање на стратегии за одржлив развој.