Добредојдовте во Прилеп, град кое своето име го добил по начинот на кој се изградени домовите, прилепени едни до други.
Зачекорете во градот под Марковите Кули, како што многумина го нарекуваат заради близината на Марковите Кули кои им припаѓале на Крале Марко, а кои секако треба да ги посетите кога ќе се најдете во Прилеп, од кои се протега прекрасен поглед на градот. Посетете го и познатиот Парк на револуцијата и Могилата на непобедените и уживајте во убаво уредениот локалитет, ограден со зимзелена шума, која дише со свежина и претставува одлично место за одмор од урбаниот и брз живот