И така по патеката со ограда од локалниот камен,која асоцира на сувомеѓе,се доаѓа до четвртата и петтата целина од комплексот.Како река која се извива низ протокот на времето во приказните за бурните воени случувања, се доаѓа до амфитеатар со седишта во облик на цилиндри,кои се концентрираат околу сцената. Таа е сместена под закрила на централниот споменик кого го сочинуваат столбови од натур-бетон, стилизирани во вертикала,кои како целина симболизираат факел.Не е ретка перцепцијата дека тоа се раце свртени кон небото,кои полузатворени ја чуваат слободата и ја претставуваат човечката слога. Авторката сметала дека споменикот треба да биде едно континуирано доживување.Со тоа треба да се постигне ослободување на достоинство и пиетет,чувство дека животот триумфира над смртта.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM