
Според мислењата на мнозинството експерти, се работи за најзначајниот културно – историски споменик на територијата на С. Македонија. Има повеќе хипотези за нејзиниот градител, а тоа најверојатно бил цар Самуил, кој за престолнина на својата држава решил да го избере Охрид. Оваа средновековна катедрала датира од крајот на 10-от век, додека ѕидните фрески се избор на архиепископот Лео од почетокот на 11-от век, за што постојат прецизни записи. Посветена е на Божјата премудрост (грчки: sopfia - мудрост) и повеќе од три века, сѐ до доаѓањето на Турците кон крајот на 14-от век, се користела како катедрална црква на моќната Охридска Архиепископија. Отоманците во 15-от век ја претвориле во џамија и била во служба на Исламот, сѐ до 1912 г., но дури после Втората Светска војна започнале конзерваторски работи на фрескоживописот кој претставува ремек дело на византиската уметност од епохата на династијата Комнени. Денес, заради извонредната акустика се користи за изведување концерти на класична музика во склоп на реномираниот фестивал „Охридско лето“, кој традиционално се одржува секоја година во периодот од 12-ти јули до 20-ти август.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM