
Поминувајќи низ Ниш, запознајте го споменичкиот комплекс на Бубањ, кој покрај трите монументални тупаници, го сочинува и композицијата од 5 елементи, на која на модернистички начин се прикажуваат сцени од машините за убивање, стрелањата, бунтот на народот, капитулацијата на освојувачите и победата. Реченицата: „ Нѐ стрелаа, ама никогаш не нѐ убија,никогаш не нѐ покорија“, врежана во споменикот, претставува надеж во идеолошката борба, повик за зачувување на идентитетот, набој за постојаност, лојалност и верба дека ваквите ставови живеат во нродот. Комплексот е изграден во 1963 год., а во 2004 е изградена и необична стаклена капела од авторот Александар Буѓевац. Доживејте ја големината и возвишеноста на Спомен-паркот Бубањ, кој освен што претставува меморијален парк, привлекува и со прекрасната природа и десетиците видови птици, кои несметано живеат во него. Тоа е место кое современите Нишлии, често го посетуваат.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM