
Фантастичниот спој на убавината и историјата на едно место, го чинат Охрид едно од ретките места на кои можете да се препуштите на целосно уживање. Овој бајковит град е сместен на истоименото езеро и оправдано претставува мета на туристи од целиот свет Додека му приоѓате на градот, уште од далеку е видлива охридската тврдина заради својата доминантна местоположба на врвот од ридот. Од неа се протега поглед на котлината која ја исполнува езерото и пошироко на југ кон Албанија, додека кон северозапад е градот Струга и планината Јабланица, а на исток планината Галичица. Прегледноста значела предност пред непријателите во текот на борбите, но и можност да се даде некаков знак на поданиците со истакнување знаме и слично. Обрнете внимание како локацијата на североисточниот брег од Охридското Езеро е богат со риба, опкружен е со шума полна со дивеч и ги овозможува сите ресурси да бидат лесно достапни. Сепак, стратешката позиција била пресудна за нејзина изградба. Прегледноста на околината во време кога варварските племиња ја пустошеле околината, била голема предност. Ја изградил, како што се претпоставува Филип II, уште во IV век пне, македонски антички крал, татко на Александар македонски, како утврдување од каде можел да се бори против илирските племиња кои пустошеле на север и за одбрана на своите северни граници на, во тоа време моќната империја.
Продолжувајќи so искачување, ќе стигнете до античкиот театар кој е изграден приближно во исто време со тврдината, за потребите на тогашната античка метропола. На почеток бил користен за прослави поврзани со култот кон богот Дионис, двапати годишно, напролет и наесен за време на гроздобер. Покасно се изведувани трагедии и драми од познатите Есхил, Софокле, Еврипид, а со доаѓањето на Римјаните театарот е претворен во гладијаторска арена.
Твдрината служела за одбрана на градот за време на македонско – римските војни кои следеле после смртта на Александар македонски и ослабувањето на моќта на неговата империја. За денешниот изглед на средновековната тврдина се погрижил царот Самуил. По преселбата на својата престолнина од Преспанско Езеро во Охрид, ја обновил цитаделата и масивните бедеми кои го опашуваат стариот дел од градот. Токму заради тој негов придонес, тврдината е позната по неговото име.
Словенското име кое стои во историските записи е Охрид – град изграден на рид, брдо. Според една легенда, Самуиловите војници носејќи ги по ридот тешките камења за изградба на тврдината, извикувале ох – риде!
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM