
Здружение МАНИФЕСТО
Од 2011 година, здружението Манифесто работи на создавање на подобра околина за локалните заедници. Основана е од млади професионалци во туристичката индустрија. Здружението се занимава со имплементација на проекти во туризмот преку кои создава разни туристички производи, за доброто на локалното население и туристите.
- manifesto.office@gmail.com
- www.geohikingdjerdap.rs
- +381 64 1552171
- Kњаза Милоша 15, 19350 Књажевац

NVO Green Life
Целта на здружението е да ја подобри состојбата на животната средина, да ги зачува природните ресурси и да го спроведе концептот на одржлив развој во Црна Гора со посебен акцент на одржливиот туризам и одржливо планирање на просторот. Организацијата обединува луѓе од различни профили и искуства, кои преку работа во различни организации и институции учествувале во иницијативи поврзани со заштитата на природата и животната средина.
- nvogreenlife@gmail.com
- www.nvogreenlife.me
- +382 067 225 406
- Булевар Св. Петра Цетињског 79, Подгорица, Црна Гора

Здружение ЕКОТУРИЗАМ
Здружението за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ 2016 е тим на млади, креативни и страствени активисти. Тимот се состои од експерти за политика и членови на заедницата поддржани од научници, деловни лидери, адвокати и оние кои напорно работат на заштита на околината на Охридското Езеро во процесот на развој на одржлив туризам. Здружението е основано во 2016 година со седиште во Охрид, Македонија.
- ekoturizamoh@gmail.com
- www.ekoturizam.org
- +389 75 557 377
- Карпош Војвода бр. 52-1 / -30, Охрид, Македонија