



Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
Ве водиме низ монументалните споменици од Втората светска војна, минуваме низ царски палати и антички населби и одиме сѐ до праисториски населби со прекрасни пејсажи.
Поврзете се со културите од праисторијата од Лепенски Вир, антиката од Охрид и Гамзиград кај Заечар, како и средновековната тврдина Свач во близина на езерото Шас, кај Улцињ. Почувствувајте ја големината и значењето на просторите со архитектонските ремек-дела од спомениците Бубањ кај Ниш, Барутаната кај Подгорица, во Прилеп или Лесковац.
БРОШУРИ И ПРИРАЧНИЦИ
БАЛКАНСКА МОНУМЕНТАЛНА РУТА (BMT)
Идејата за Балканска монументална рута е истражување и истакнување на често заборавените споменици на подрачјето на Западен Балкан, со акцент на наследството од периодот на Втората светска војна.
Со овој концепт е опфатено историското и културното значење на монументалните места, визуелната импресивност, архитектонската и уметничката привлечност. Ви ги претставуваме локациите со извонредни споменични комплекси со исклучителна убавина.
Следете ги нашите објави и придружете ни се во истражувањето на монументалните споменици од Западен Балкан.


КРСТОСНИЦА НА ЦИВИЛИЗАЦИИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН (WB CoC)
Темата на крстосницата на цивилизациите од Западен Балкан се регионалните културни рути (патувања), кои на посетителите ќе им овозможат висококвалитетно и автентично културно искуство за настанокот на цивилизациите на ова подрачје, нивното влијание и менување со текот на времето.
Зачекорете во праисторијата и античко време, запознајте се со Бронзениот период и понатака со хеленската, римската и византиската култура. Доживејте ја културната ренесанса од средновековниот период на Западен Балкан. Поминете покрај спомениците од Отоманското царство и запознајте се со австро-унгарското културно наследство на подрачјето од Западен Балкан.
Доживејте културно искуство преку раскажување, односно приказни и легенди поврзани со точките од културното наследство, кои ги чуваат културите и традициите од овие места.
Партнери на проектот


