
,,Паркот на револуцијата“ со ,,Могилата на непобедените“ е архитектонски комплексен локалитет изграден во знак на сеќавање на погинатите борци од Прилеп во борбата за ослободување од фашистичкиот окупатор и симболичен приказ на победата на слободата над ропството. Започнат 1960 година и претставен на јавноста 1961 година, комплексот е замислен како своевидна прослава на прогласувањето на градот Прилеп како ,,Партизански град“ во почетокот на 1960-тите години од страна на тогашната југословенска влада.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM