
Заечар е неизбежна станица на оние кои го посетуваат Гамзиград, а покрај „must see“ музејот, вреди да се посети и Радул-беговиот конак. Во Заечар треба да се погледне и турската воденица, која покрај Конакот е една од малубројните сочувани османлиски споменици во Србија, стратише, но и скијалиштето, како и местото за концерти Краљевица, манастирот Суводол во околината и секако блиската Гамзиградска бања, каде има базени со топла вода, украсени со реплики од Ромулијана. Ова решение има многу смисла зашто лековитата вода во термата Феликс Ромулијана е донесена преку надземен аквадукт. Според поедини автори, Галерије, местото за изградба на своите дворци го избрал токму заради близината на лековитите геотермални извори, а и затоа што мајката на големиот император боледувала од болки во коските. Се верува дека она што е добро за несудената богиња е добро и за обичните луѓе кои страдаат од ревматизам. Народот од овој крај ја нарекувал оваа вода божја и света, па во изворите фрлал парички и палел свеќи покрај нив, што кажува за тоа дека знаеле да го почитуваат значењето на природата или како што сега би рекле, услугите на екосистемот.
Disclaimer: This website was created and maintained through a grant provided by the Regional Cooperation Council’s Tourism Development and Promotion Project, funded by the European Union. Its contents are the sole responsibility of the MANIFESTO and do not necessarily reflect the views of the Regional Cooperation Council or the European Union.
Во рамките на проектот “Heritage Walks & Talks”, развиваме нов културно-туристички производ, кој непречено ќе можат да го користат индивидуални туристи, како и патници во групи. Концептот кој што сакаме да ви го претставиме е замислен како прошетка преку наследството и ќе можеме да го користиме кога сакаме да се запознаеме со културното и историското наследство од Западен Балкан и тоа она наследство кое сеуште скромно се раскажува од преданијата на локалните заедници и за кое гостите допрва треба да го осознаат.
© 2020 Heritage Walks & Talks
Web design & Development by DIGIPROM